Совет на Министрите на Украинската ССР
Совет на Министрите на Украинската ССР (украински: Рада Міністрів Української РСР) — највисокото извршно и распоредбено тело на државната власт на Украинската Советска Социјалистичка Република во 1946–1991 гг. Советот го замени Советот на народните повереници што постоеше во Украина од воспоставувањето на советскиот режим. Во април 1991 година, Советот беше заменет со Кабинетот на Министрите на Украинската ССР, кој по адаптацијата на Декларацијата за независност на Украина беше преобразуван во Кабинетот на Министрите на Украина.
Општи одлики
уредиВо рамките на надлежностите на Украинската ССР, како сојузна република, Советот на Министрите ја организираше работата на управниот апарат и раководеше со него. Според член 43 од Уставот на Украинската ССР, Советот на Министрите на Украинската ССР:
- ја координира и насочува работата на министерствата и другите подредени установи;
- донесува мерки за спроведување на националниот економски план;
- донесува мерки за спроведување на републичкиот и месниот буџет;
- донесува мерки за обезбедување на јавниот ред, заштита на интересите на државата и заштита на правата на граѓаните;
- раководи и ја проверува работата на извршните одбори на регионалните совети;
- создава, доколку е потребно, посебни комитети и главни одделенија кај Советот на Министрите на Украинската ССР за прашања од економската и културната градба;
- раководи со организацијата на воените формации на Украинската ССР;
- врши раководство во областа на односите со странски држави, врз основа на општата процедура утврдена во СССР во односите на сојузните републики со странските држави.
Сè до 1965 година, целосојузните министерства и агенции имаа свои комесари во Украинската ССР, кои беа дел од Советот на Министрите и чии активности на територијата на Украинската ССР беа координирани од Советот на Министрите на Украинската ССР. За возврат, Советот на Министрите на Украинската ССР имаше Постојано претставништво на Советот на Министрите на Украинската ССР при Советот на Министрите на СССР за постојано општење помеѓу државните апарати на СССР и републиката.
Формално, Советот на Министрите на Украинската ССР беше отчетен и одговорен само пред Врховниот Совет на Украинската ССР, а во периодот помеѓу неговите седници и пред Президиумот на Врховниот Совет на Украинската ССР. И бидејќи овие тела теоретски беа највисокото претставничко тело на Украинската ССР и не беа отчетни пред соодветните сојузни тела, може да се добие впечаток дека Украинската ССР беше навистина суверена република, а Советот на Министрите беше нејзиното највисоко административно тело, независен од Советот на Министрите на СССР. Сепак, ова мислење не е точно од следниве причини:
- Советот на Министрите на Украинската ССР дејствуваше врз основа на целосојузните закони, издаваше резолуции и наредби врз основа и за спроведување на законите на СССР и Украинската ССР, резолуциите и наредбите на Советот на Министрите на СССР, така што не беше суверен орган на Украинската ССР, туку извршен орган зависна од Москва.
- Советот на Министрите на СССР имаше право „во рамките на своите надлежности“ (практично неограничени) да ги откаже резолуциите и наредбите на Советот на Министрите на Украинската ССР.
- Претседавачот на Советот на Министрите на Украинската СССР беше член на Советот на Министрите на СССР од владата, така што сите акти на Советот на Министрите на СССР беа непосредно обврзувачки за него.
- Покрај претседавачот, во Советот на Министрите беа министри и раководители на агенции, комисии итн. Овие тела беа претежно сојузно-републикански и беа подредени на соодветното сојузно-републиканско тело во Москва. Само многу малку републички министерства (5-7) беа непосредно подредени на Советот на Министрите на Украинската ССР.
- Советот на Министрите на Украинската ССР имаше свои надлежности, односно беше овластен од целосојузните закони и тела да врши одредени задачи или функции на територијата на Украинската ССР. Советската теорија и практика ги нарече овие овластувања „права“ на Советот на Министрите на Украинската ССР. Всушност, тоа не беа права, туку должности спротив соодветните сојузни тела.
- Назначувањето на лица на позициите на членовите на Советот на Министрите на Украинската ССР, министри, нивни заменици и други членови на владиниот апарат де факто припаѓаше во надлежност на сојузната номенклатура на ЦК на КПСС.
Поврзано
уредиОваа статија поврзана со Советскиот Сојуз е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |