Собор на сите македонски Светители
Собор на сите македонски Светители — голем македонски христијански празник, на кој се слави споменот на сите македонски светители. Иако тие си имаат и свои посебни празници, (по еден или повеќе), овој ден е одреден за заедничко сеќавање на сите македонски светители кои во изминатите два милениума на најразлични начини придонеле за афирмацијата на христијанството на овие простори, но и многу пошироко. Се слави првата недела во октомври, односно 18 недели по Педесетницата.[1]
Собор на сите македонски Светители | |
---|---|
Фреска на Светите седмочисленици во манастирот "Св. Наум" крај Охрид, кои се дел од многуте Македонски светии | |
Го празнува(ат) | Македонија |
Вид | христијански |
Значење | Ден на сите Светии кои водат потекло од Македонија |
Датум | Прва недела во Октомври |
Обичаи | литургии |
Житие
уредиОвој ден е воведен за славење на сите Македонските светители кои се подвизувале на ист начин како и другите од христијанскиот свет. Со македонско потекло постојат некаде над 40 светци. Во Македонија, соборната црква во Битола која се гради и е најголема на Балканот се вика Црква „Собор на сите македонски Светители“. Исто и црквата во Тетово која треба да се изгради во новиот дел на градот го носо името на овој празник. Црквата во Лозана, Швајцарија исто е наречена Црква „Собор на сите македонски Светители“, како и таа во Окленд, Нов Зеланд.[2]
Наводи
уреди- ↑ Православен календар
- ↑ „Собор на Сите Македонски Светители во Окланд, Нов Зеланд“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2015-10-04.