Снајфедлсјекидл (исландски: ˈstn̥aiːfɛlsˌjœːkʏtl̥, снежен ледник) — 700.000 години стар стратовулкан покриен од ледник којшто се наоѓа во западен Исланд.[2] Името на планината е всушност Снајфел, но најчесто е именуван „Снајфедлсјекидл“ за да се разликува од другата планина со истото име. Се наоѓа во најзападниот дел на полуостровот Снајфелснес во Исланд. Понекогаш може да се види од главниот гра на Исланд, Рејкјавик, на далечина од 120 километри.

Снајфедлсјекидл
Снајфедлсјекидл
Највисока точка
Надм. вис.1446 м
Истакнатост>1,200
Географија
Снајфедлсјекидл на карта

Карта

Геологија
ВидСтратовулкан[1]
Последен избув200 п.н.е. ± 150 години[1]

Планината е една од најпознатите места на островот, главно поради новелата Патување до Центарот на Земјата (1864) од Жил Верн, во која протагонистите го наоѓаат влезот на патот којшто води до центарот на земјата преку Снајфедлсјекидл.

Планината е дел од Националниот парк Снајфедлсјекидл (исландски: Þjóðgarðurinn Snæfellsjökull).[3]

Во август 2012 година за првпат во историјата на врвот не било забележано никакво присуство на лед.[4]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Snaefellsjökull: Summary“. Глобална програма за вулканизмоит. Смитсонова установа. Посетено на 2010-02-16. (англиски)
  2. „Flash map of Snæfellsjökull“. Þjóðgarðurinn Snæfellsjökull. Архивирано од изворникот на 2007-07-01. Посетено на 2014-01-25.
  3. „Snæfellsjökull National Park“ (англиски). 2004-02-18. Архивирано од изворникот на 2004-11-29. Посетено на 2014-01-25.
  4. Haraldur Sigurðsson: Þúfurnar á Snæfellsjökli

Поврзано

уреди