Смртна казна во Камбоџа

Смртната казна во Камбоџа е забранета со Уставот на земјата. Камбоџа ја укинала смртната казна во 1989 година.[1]

Локација на Камбоџа на мапата

Камбоџа е една од двете земји членки на АСЕАН (другата членка е Филипините) што ја укинале смртната казна.[2][3]

Законодавство

уреди

Уставот на Кралството Камбоџа (1993) во чл. 32 гласи:[1]

„Сите луѓе имаат право на живот, слобода и лична сигурност. Нема да има смртна казна“.

Политика

уреди

Во 1995 година, првиот премиер принцот Нородом Ранарид упатил повици за смртна казна повикувајќи убијците и трговците со дрога да бидат убиени од страна на државата.[4]

Во 2019 година, премиерот Хун Сен изразил дека размислува на воведување на смртна казна за луѓето кои силуваат деца, но дека тоа би се случило само по национален референдум.[5][6][7] Неколку дена по таа објава, Хун Сен го сменил својот став.[8][9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „HANDS OFF CAIN against death penalty in the world“.
  2. Sheehan, James; Lermet, Olivier. „Death penalty has no place, National, Phnom Penh Post“. www.phnompenhpost.com.
  3. „ASEAN countries step back on the path towards abolition“. World Coalition Against the Death Penalty. 26 October 2016.
  4. Staff, Post. „Why capital punishment is a bad idea for Cambodia, National, Phnom Penh Post“. www.phnompenhpost.com.
  5. Chheng, Niem. „PM mulling referendum over death penalty for 'beasts' who rape children, National, Phnom Penh Post“. www.phnompenhpost.com.
  6. „Hun Sen wants death sentence for child rapists“. March 10, 2019.
  7. „Cambodia leader Hun Sen considers death sentence for rapists“. South China Morning Post. March 10, 2019.
  8. Sokhean, Ben (March 11, 2019). „Hun Sen shifts stance on death penalty“.
  9. „Lessons from Hun Sen's death penalty U-turn“. Asia Times. 12 March 2019.