Право на живот

Право на живот — елементарно право на човекот засновано на верувањето дека секој човек има право да живее. Концептот за правото на живот е централен во дебати поврзани со прашањата за евтаназија, смртна казна, абортус и самоодбрана.

Демонстрантите со знакот Венецуела 2014 година

Во член 3 од Универзалната декларација за човековите права од 1948 година стои:

Секој има право на живот, слобода и сигурност.

Правото на живот е загарантирано и со Уставот на Република Македонија, според членот 10:[1]

Животот на човекот е неприкосновен. Во Република Македонија не може да се изрече смртна казна по ниту еден основ.

НаводиУреди

  1. „Устав на РМ“. Собрание на Република Македонија.