Смртна казна во Албанија

Последната егзекуција на цивил извршена во Албанија било двојното бесење на 25 јуни 1992 година, каде браќата Дитбард и Јозеф Цуко биле обесени на јавниот плоштад во јужниот град Фиер.[1] Смртната казна во Албанија била укината на 1 октомври 2000 година, но сепак била задржана за предавство и воени прекршоци. Причината за укинувањето на смртната казна во Албанија како и во другите европски држави е потпишувањето на Протоколот бр. 6 на ЕКЧП.

За време на комунизмот, Албанија многу ја користела смртната казна од 1941 до 1985 година.[2][3]

Во 2007 година Албанија го ратификувал Протоколот бр. 13 кон ЕКЧП, со кој се укинала смртната казна под сите околности и се заменила со доживотен затвор.

Наводи

уреди
  1. „Top Story/ Ja kur është dhënë dënimi i fundit me vdekje në Shqipëri“. top-channel.tv (англиски). Посетено на 2023-09-18.
  2. „Varja e Havzi Nelës, PD zbardh vendimin dhe firmën e Kristaq Ramës“. Посетено на 14 January 2016.
  3. „KLOSI – Poeti disident Havzi Nela...“. Klosi News. Архивирано од изворникот на 2014-10-07. Посетено на 2017-01-25.