Смит и Коуис
Смит и Коуис (англ. Smith & Caughey's) е ланец на стоковни куќи од средна големина во Нов Зеланд, каде се смета за самиот врв на стоковните куќи.[1]
Како една од постарите фирми во земјата, основана е во 1880 Мериен Смит како драперски дуќан,[2][3] а и ја има честа да биде најстарата стоковна куќа во Окленд.[4] Моментално оваа стоковна куќа највеќе е посветена на модни артикли,[2] со оддели за накит и покуќнина.
Смит и Коуис имаат продавници во Окленд (Квин Стрит во градскиот центар и Бродвеј во Њумаркет), со тоа што њумаркетската продавница датира од 1880-тите и денес се смета за историско наследство.[5] Продавницата на Квин Стрит, исто така стара зграда-историско наследство, некогаш била прочуена по својот 'Chefs Bar' отворен од Ото Грен.[6]
Наводи
уреди- ↑ Божиќното купување доцни една недела Архивирано на 29 септември 2007 г. - Новозеландски Хералд, недела, 17 декември 2006 (англиски)
- ↑ 2,0 2,1 Магичното одбележување во Смит и Коуис Архивирано на 29 септември 2007 г. - Новозеландски Хералд, среда, 13 јули 2005 (англиски)
- ↑ За нас Архивирано на 14 октомври 2008 г. (од официјалното мрежно место на продавницата) (англиски)
- ↑ Потрошувачка терапија: Нов живот за стара продавница[мртва врска] - Новозеландски Хералд, четврток, 7 септември 2006 (англиски)
- ↑ Њумаркет - Прошетка низ историското наследство Архивирано на 26 јуни 2009 г. (од мрежно местото на Њумаркетското деловно здружение) (англиски)
- ↑ Разоткривачи кои му донесоа префинетост и умешност на Киви-менито Архивирано на 29 септември 2007 г. - Новозеландски Хералд, четврток, 1 март 2007 (англиски)
Надворешни врски
уреди- Смит и Коуис Архивирано на 2 октомври 2008 г. (англиски)