Смилковско Езеро
Смилковско Езеро — поголемото од две помали езера кои се наоѓаат на периферијата на Скопје во близина на на селото Смилковци, општина Гази Баба во областа Црногорија. Веднаш до него се наоѓа помалото Стајковско Езеро. Смилковското езеро е најпознато по убиствата на Смилковското езеро. На 23 февруари 2013 година во близина на езерскиот брег, на местото викано Кршиколе или Крст, веднаш до заобиколницата бил осветен камен темелник на црквата Црква „Св. 40 Маченици“, која е посветена на убиените момчиња.
Смилковското езеро има риби и е перфектно место за риболов за луѓето што живеат во близина. Во моментов Смилковското езеро претрпува големо сушење и умирање на рибите од подземни гасови.