Словачка Јама (-650 m) — пропаст на Караџица, во Македонија. Влезот ѝ е на надморска висина од 2.250 метра, и е најдлабока пештера во Македонија.[1]

Словачка Јама
МестоКараџица, Македонија Македонија
Длабочина-650
Должина3163
Надм. височина2.250
Пристап1

Историја на истражувањето

уреди

Јамата била откриена 2009 година од спелеолози на друштвото „Пеони“ и нивни словачки колеги по што и го добила името. При ова истражување се стигнало до длабочина од 524 метра каде експедицијата наишла на леден чеп и морала да го прекине истражувањето.[2].

До 2016 година се стигнало до длабочина од 650 метра и должина од 3.163 метри. Со тоа таа е најдлабока пештера во Македонија и воедно втора по должина зад Слатински Извор.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Најголемите пештери во Македонија“. Спелео.мк. 13.12.2016. Посетено на 29 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  2. „Македонските и словачките спелеолози ги прекинаа истражувањата на Караџица“. makfax. 13.09.2009. Посетено на 29 јануари 2023. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)