Слободно паѓање (роман)

„Слободно паѓање“ (англиски: Free Fall) — роман на британскиот писател Вилијам Голдинг од 1959 година.

Содржина

уреди

Романот претставува продолжение и кулминација во творештвото на Голдинг. Во него се опишува кошмарот на еден уметник кој се наоѓа во самица во еден нацистички концентрационен логор. Затворен, тој го преиспитува својот живот, обидувајќи се да ја одреди точката на своето паѓање, мигот на тоа решение, донесено слободно, поради кое ја загубил слободата. На тој начин, романот е теза за гревот на прародителот и за страдањата што потекнуваат од првобитниот грев.[1]

Наводи

уреди
  1. Вера Чаповска, „Кон животот и делото на Вилијам Голдинг“, во: Вилијам Голдинг, Господарот на мувите. Скопје: Наша книга, 1984, стр. 212-213.