Слободен пад (семрежен стрип)

американски семрежен стрип

Слободен пад“ (англиски: Freefall) — популарен семрежен стрип, чиј автор е Марк Стенли. Во него е изложена хумористична научнофантастична сторија за неволјите на вселенскиот брод „Дивата кокошка“ чиј екипаж го сочинуваат Сем Старфол - симпатичен вонземски трчилаж, Хеликс - детинест робот и Флоренс Емброуз - припадник на генетички изменетиот вид „Боуменов волк“ (т.е. антропоморфно суштество од родот кучиња).

Флоренс, Сем и Хеликс

Стенли го објавува стрипот од 30 март 1998 година и досега се објавени над 1.300 ремени. Стрипот оригинално бил црно-бел, но првите 388 стрипа се достапни и во верзии обоени од неговите читатели. Од 21 април 2006 година стриповите официјално ги бои Џорџ Патерсон.

Сторија

уреди

Сторијата го опишува животот на Флоренс, чесен и работлив технички инженер, која е грабната да работи за не-баш-етичкиот Сем. Од почетокот на стрипот, Флоренс се обидува да го поправи вселенскиот брод на Сем, истовремено трудејќи се да не полуди поради глупостите што ги прават Сем и Хеликс. Лошата репутација на Сем на планетата Џин (Jean) на која се заринкани е толкава што властите го обвинуваат за каква било лоша случка појава во нивното општество. Тој носи скафандер со нацртан смешен лик, но наводно неговото вистинско тело личи на сипа.

Некои го критикуваат развојот на сторијата како преспор. За осум години (до 2006.) објавување, покриени се само неколку недели активност од приказната.

Белешки

уреди

„Слободен пад“ е претставник на жанрот тврда научна фантастика. Авторот се труди да ја одржи научната основа на случувањата на реалистично ниво, без употреба на уреди од типот deus ex machina (односно „магични“), како што е „ворп погон“, „вештачка гравитација“ или „зраци за транспортирање“.

Стрипот содржи и внатрешн шеги на сметка на „Ѕвездени патеки“. На пример, регистарскиот број на бродот е 1071-CCN, што е обратно од оној на „Ентерпрајз“ NCC-1701.

Надворешни врски

уреди