Споменик „Слобода“ - Гевгелија

(Пренасочено од Слобода (споменик))

Слобода — споменик, дело на академскиот вајар Јордан Грабулоски, сместен на Вардарски Рид покрај Гевгелија. Но, откако бил откриен археолошкото наоѓалиште Вардарски Рид, значајна праисториска и античка населба од XIII-I век п.н.е. на која ѝ претстои трансформација во археолошки парк, споменикот ја изгубил својата функција. Граѓаните, претставувани од неколку здруженија на граѓани, Музеј – Гевгелија и локалната самоуправа, одлучиле споменикот да го пренесат на друга локација и да ја обноват традицијата поврзана со него. Тој треба да биде пренесен на Мрзенски Рид за повторно да стане место каде што ќе се собираат и дружат граѓаните. На 10 октомври 2005 година, споменикот бил диссместен[1].

Споменик „Слобода“
Поглед кон споменикот
Општи податоци
ГрадГевгелија
ЗемјаМакедонија
СопственикОпштина Гевгелија
Проектирање и изградба
ИнженерЈордан Грабулоски

Наводи уреди

  1. „На Мрзенски рид, Гевгелија Повторно собирање околу Споменикот на слободата“. Сорос. 2005. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-06-15.