Слепоочната коска (оs temporale) се наоѓа помеѓу клинестата, тилната и темената коска .Таа е составена од три дела:

  • лушпест,
  • тимпаничен
  • пирамиден.
Слепоочна коска
Позиција на слепочната коска (зелен дел)
Стуктура на слепоочната коска
Податоци
ЗглобовиOccipital, parietal, sphenoid, mandible and zygomatic
Назнаки
ЛатинскиOs temporale
TAA02.1.06.001
FMAFMA:52737

Лушпест дел (pars squamosa)

уреди

Лушпестиот дел учествува во градбата на бочниот ѕид од черепот. Нејзината надворешна страна е мазна и служи за поврзување на слепоочниот мускул. На долниот дел се наоѓа јаболков израсток (processus zygomaticus) којшто со јаболковата коска формира јаболков лак (arcus zygomaticus). Под јаболковиот израсток се наоѓа вдлабатина (fossa mandibularis) за зглобување со долната вилица . На внатрешната страна се забележуваат отпечатоци и бразди предизвикани од витките на мозокот и крвните садови.

Тимпаничен или тапански дел (pars tympanica)

уреди

Тимпаничниот дел наликува на коскен олук и учествува во градбата на надворешниот ушен канал (meatus acusticus externus). На надворешниот крај каналот се отвора со надворешен ушен отвор (processus externus).

Пирамиден дел (pars petrosa)

уреди

Пирамидниот дел наликува на четиристрана пирамида со врв насочен нанаперед, а базата свртена наназад и е претставена со еден коскен израсток наречен processus mastoideus. Внатрешноста од израстокот содржи бројни шуплини што се формираат по раѓањето. Во центарот се наоѓа мастоидна пештера (antrum mastoideum), која е опкружена со мастоидни ќелии , Преку коскен канал антрумот се отвора во една поголема шуплина наречена тапанска празнина (cavum tympani). На пирамидата се разликуваат четири страни. Нејзината горна страна учествува во градбата на средната черепна јама, а внатрешноста учествува во градба на задната черепна јама . Во внатрешноста на приамидата се сместени шуплините од надворешното, средното и внатрешното уво со своите градбени структури. На долната страна од пирамидата се наоѓа шилест коскен израсток (processus styloideus) за поврзување на мускули и врски. Преку пирамидата од слепоочната коска поминуваат и повеќе коскени канали за поминување на нервни и крвни садови .

Надворешни врски

уреди