Славин
Славин, воен споменик и гробишта на Советската армија | |
Податоци | |
---|---|
Земја | Словачка |
Координати | 48°09′14″N 17°05′59″E / 48.15389° СГШ; 17.09972° ИГД во Братислава, Словачка |
Погребани | 6.845 советски војници |
Славин — меморијален комплекс и воени гробишта во Братислава, Словачка. Во него биле погребани илјадници војници на Црвената армија кои загинале за време на Втората светска војна при ослободувањето на градот во април 1945 година. од окупационите сили на германскиот Вермахт и преостанатите словачки трупи кои ја поддржувале клерофашистичката влада на чело со Јозеф Тисо.
Споменикот се наоѓа на ридот во близина на средиштето на Братислава, опкружен со богати вили и резиденции на различни амбасади. Комплексот бил изграден помеѓу 1957 и 1960 година на земјиштето на гробиштата, а бил отворен на 3 април 1960 година да се одбележи 15-годишнина од ослободувањето на градот. Споменикот е изграден во стил сличен на Дворецот на културата и науката во сталинистички архитектонски стил. Во 1961 година бил прогласен за Национален споменик на културата. Дизајнот е на Јан Светлик.
Историја
уредиСпоменикот за јавноста бил отворен на 3 април 1960 година во чест на петнаесетгодишнината од ослободувањето на Братислава во Втората светска војна. На ѕидовите на споменикот се прикажани градови со датумите на нивното ослободување. Тука биле закопани вкупно 6.845 војници.
За време на изградбата на Славин, кулата на црквата Богородица Снежна била урната за да не ја расипува глетката на панорамата на градот. Александар Тризуљак протестирал против отстранувањето на кулата, но безуспешно. Официјално, демонтирањето на кулата се правдало со тоа што таа била во лоша состојба, а со цел да се зачува црквата. Првично било планирано кулата да се преполови, но на крајот била целосно отстранета.[1]
Опис
уредиМеморијалниот комплекс и гробиштата на загинатите војници на Црвената армија за време на ослободувањето на Братислава во Втората светска војна биле прогласени за споменик на културата во 1961 година. На врвот на обелиск висок 39 метри[2] се наоѓа статуа на војник висока 11 метри, излеана од словачкиот скулптор Александар Тризуљак. Војникот е прикажан како го крева знамето со десната рака и гази на свастиката со левата чизма. Бронзените врати на спомен-аудиториумот се украсени со релјефи од Рудолф Прибиш.
Комплексот се состои од:
- Грандиозно скалиште,
- Гробишта со 6 масовни гробници и 278 поединечни гробни места каде се закопани вкупно 6.845 советски војници.
- Централни свечени сали со различни статуи, натписи и симболичен саркофаг од бел мермер,
- Обелискот е висок 42 метри, а на врвот има статуа на советски војник, а на надворешните ѕидови има натписи со датуми на ослободување на различни градови во Словачка помеѓу 1944 и 1945 година.
Други занимливости за Славин:
- Споменикот се наоѓа на врвот на ридот Славин, едно од топографските височини на стариот град Братислава (дел од Малите Карпати). Местоположбата нуди одличен преглед на панорамата на Братислава, што ја прави популарно место за шетање на месното население.
- На територијата на комплексот има статуи на познати словачки уметници, како што се Јан Кулих, Тибор Бартфај, Јозеф Костка.
- Во текот на 2005 година, рускиот претседател Владимир Путин го посетил комплексот за време на состанокот со Џорџ В. Буш.[3]
- Денот на ослободувањето на Братислава е 4 април, кога народот и претседателот им оддаваат почит на паднатите советски војници.
- Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го посетил Славин во 2015 година, на 70-годишнината од ослободувањето на Братислава.[4]
Галерија
уреди-
Датумот на ослободување на Братислава
-
Статуата на војникот на врвот на обелискот
-
Споменик во рамките на комплексот
-
Поединечни гробни места
-
Панорама на Братислава, поглед од Славин
-
Споменик на паднатиот борец на Црвената армија
-
Грандиозното скалиште
Наводи
уреди- ↑ „Slavin“. kalvaria.sk. Посетено на 28.4.2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)[мртва врска][мртва врска] - ↑ „Slavin“. Visitbratislava.com. Посетено на 28.4.2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Званична посета Словачкој“. Kremlin.ru. 25.2.2005. Посетено на 28.4.2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help) - ↑ „Foreign Minister Sergey Lavrov makes introductory remarks and answers questions at a joint news conference“. Mid.ru. 4.4.2015. Посетено на 28.4.2021.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=
(help)
Литература
уреди- Janiaková, D: Prechádzky po Bratislave: ilustrovaný sprievodca, 1.vyd. Bratislava: Perfekt, 2004
- Kusý, M.: Architektúra na Slovensku. Bratislava: SFVU Pallas, 1971
- denník SME - 7.december 2007, str.6 - čl. Nad hrobmi na Slavíne klesá zem, Jana Parkrová