Скорпија (кована пара од 2014 година)

кована пара на Народната банка на Република Македонија


Скорпијакована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2014 година.

Скорпија
Лице
Опачина
Поединости
Серија Хороскопски знаци
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 21 г
Димензии 35 x 45 мм
Облик јајчест
Раб мазен
Издадена 2014
Цена 2.700 ден.

Опис уреди

Лице уреди

На лицето од парата е прикажана украсна композиција како симбол на времето врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато, сино, тркалезно кобалтно стакленце. Прикажан е и Грбот на Република Македонија, симболите на осумте планети од Сончевиот Систем, натписите: „Република Македонија“ и „10 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2014“ и ознаката „Ag925“.[1]

Опачина уреди

На опачината од парата е прикажана стилизирана слика на скорпија и соѕвездието коешто му одговара на хороскопскиот знак Скорпија, насликано на вметнато кобалтно стакленце и опкружено со украс. На долниот дел е прикажан симболот на хороскопскиот знак „Скорпија“ и името на хороскопскиот знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот се насликани со злато.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „СКОРПИЈА". Посетено на 8 јануари 2018.