Скопје прајд
Парада на гордоста Скопје (англиски Скопје прајд) — парада која се организира секоја година во Скопје. Мотото на Скопје Прајд гласи „гласни и горди“, а настанот е организиран од страна на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Последниот настан бил организиран на 24 јуни 2023 година.[1]
Заднина
уредиПарада на ЛГБТ заедницата во Скопје, насловена како „Скопје прајд“ за првпат се одржала во јуни 2019 година.[2] На првиот настан учествувале активисти за ЛГБТ-права од самата земја како и земјите во регионот (Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора), од странски амбасадори и политичари.[3] На истиот ден, контрамарш бил организиран од страна на граѓанско-верски собири за „зачувување на вистинските вредности“.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Под мотото „Гласни и горди" во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд“. Нова Македонија. 24 јуни 2023. Посетено на 30 септември 2023.
- ↑ „Скопје Прајд 2019: Вашето присуство е најсилна поддршка!“. Окно. 28 јуни 2019. Посетено на 28 ноември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 Блажевска, Катерина (29 јуни 2019). „Скопје Прајд: Никој не е слободен додека сите не се слободни“. Дојче Веле. Посетено на 30 септември 2023.