Сквадризам (на италијански: Squadrismo; IPA: [skwaˈdrizmo], од squadra - чета, воена дружина) — движење на групи со фашистичка идеологија, најчесто од руралните средини на Кралството Италија, предводени од рас (од етиосемитски - главатар, водач на народот или некој клан), кои дејствувале од 1918 до 1924 година самоволно и во сопствени структури, секоја група сама по себе. Според американскиот историчар Стенли Пејн „новиот масовен фашизам не бил создаден од Мусолини“, туку самиот сквадризам го воздигнал во рурална Италија, почнувајќи од северните делови.[1] Сквадризмот е опишан како „многу недисциплиниран сет од локални шефови“. Дел од движењето растело инспирано од Бенито Мусолини, но самите дружини не зависеле од него и сквадристите се стремеле да ги следат само своите локални водачи.[2] Тие дури дошле во судир со Мусолини поради негово потпишување на договор за мир по напор за смирување на насилствата меѓу социјалистите и сквадристите.[3]

Инвалиди бараат леб од владата
Протестен настан организиран од „Националното здружение на осакатени и воени инвалиди“

Наводи

уреди
  1. Stanley Payne, A History of Fascism, University of Wisconsin Press, 1995, 98.
  2. Denis Smith, Mussolini, Vintage Books, 1983, 40.
  3. Stanley Payne, A History of Fascism, University of Wisconsin Press, 1995, 100.