Скачковски крст

крст во Скачковце, Македонија

Скачковски крстхристијански крст во близина на селото Скачковце, сместен во рамки на Скачковскиот манастир.

Крстот

Местоположба

уреди

Крстот се наоѓа во склоп на манастирскиот комплекс „Св. Троица“, сместен на рид над селото.

Опис

уреди

Крстот има височина од 13 метри и кога бил изграден бил еден од највисоките такви градби на Балканот.[1] Бил подигнат во чест на 12. апостоли и Исус Христос и оттаму 13 метри.

Историја

уреди

Крстот е подигнат од страна на ктиторот Стојан Пајковски со своето семејство во 1997 година. Самиот крст е првата градба во рамки на манастирот, кој подоцна ќе прерасне во комплекс од две манастирски цркви и параклис.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „На денешен ден пред 20 год. е подигнат и осветен највисокиот крст на Балканот, во манастирскиот комплекс Света Троица во село Скачковце“. Сител Телевизија. Посетено на 2024-01-13.

Надворешни врски

уреди

42°2′45.22″N 21°49′35.65″E / 42.0458944° СГШ; 21.8265694° ИГД / 42.0458944; 21.8265694