Мариус Листроп (англиски: Marius Listhrop, 19 јуни 1994), подобро познат под неговото уметничко име Скарлорд (Scarlxrd) е британски рапер, пејач и текстописец. Тој е познат по неговиот чуден стил на музика што се добива од комбинирање на трап музика и метал. Поранешна ЈуТјуб персона, Скарлорд ја почнал неговата музичка кариера како главниот пејач на новата металска група Мит Сити (Myth City), пред да биде познат под неговото раперско име Скарлорд.

Scarlxrd
Скарлорд во 2018
Биографски податоци
Родено имеМариус Листроп
Познат(а) и како
  • Мази Маз
  • Скар
Роден(а)19 јуни 1994 (1994-06-19) (27 г.)
Вулверхемптон, Стафордшир, Англија[1][2]
Жанрови

Тој се стекнал со популарност со објавувањето на неговата песна „Харт Атак“ (Hearth Attack) остварувајќи повеќе од 40 милиони прегледи на Јутјуб по објавувањето на песната.

КариераУреди

2013-2014: ЈутјубУреди

Пред да ја почне неговата кариера во музиката, Листроп почнал со објавување на видеа на Јутјуб под името Мази Маз. Неговата персона на мрежното место била опишана како „супер-насмевнат јутјубер“ којшто снимал и објавувал влогови во неговата спална.[1] Тој често соработувал со негови пријатели и колеги јутјубери како Сам Папер и Каспер Ли [1] Од доцна 2013 до 2014, Листроп и Папер започнале светска комично-музичка турнеја, „Турнеја ВДГАФ“ .[3][4] До 2017, Листроп ги избришал сите Мази Маз видеа на Јутјуб каналот и оттогаш го ребрендирал во својот прекар Скарлорд. На интервју во 2017, Листроп го опишал неговото време на Јутјуб како „уништување на душата“.

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Bassett, Jordan. „The strange tale of Scarlxrd, the perky vlogger turned rap-metal overlord url=http://www.nme.com/blogs/strange-tale-scarlxrd-perky-vlogger-turned-rap-metal-overlord-2321894“. NME. Недостасува права црта во: |title= (help); Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  2. „X's Over O's: Scarlxrd Has Arrived“. Nubi. Архивирано од изворникот на 2018-06-12. Посетено на 9 June 2018.
  3. Campbell, Tina. „Sam Pepper: Meet the internet music and comedy sensation soon set to tour the UK“. Metro. UK. Посетено на 22 March 2016.
  4. „UK YouTube Stars To Launch Comedy Show at Avalon Sept. 13“. HuffPost. Посетено на 22 March 2016.

Надворешни врскиУреди