Синоатријален јазол
Синоатријалниот јазол го сочинуваат група на клетки познати како пејсмерјкерни клетки, кои се наоѓаат во ѕидот на десната срцева преткомора.[1] Овие клетки можат да произведат електричен импулс (дејствен потенцијал) кој патува низ спроводниот систем на срцето, предизвикувајќи негова контракција. Кај здраво срце, SA јазол постојано создава дејствени потенцијали, подесувајќи го срцевиот ритам (синусниот ритам), поради што е познат како природен пејсмејкер на срцето.
Синоатријален јазол | |
---|---|
Синоатријалниот јазол прикажан под број 1. Остатокот од спроводниот систем на срцето е прикажан со сино. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | nodus sinuatrialis |
Кратенка | SA јазол |
TA | A12.1.06.003 |
FMA | FMA:9477 |