Симеон (Симо) Д. Шишков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.

Симо Шишков
Роден Горно Врбени, Леринско, Егејска Македонија

Животопис

уреди

Шишков е роден во селото Горно Врбени (Екши Су), Леринско, тогаш во Османлиското Царство. Се присоединува кон ВМРО, но во 1903 г. е уапсен и затворен во Мала Азија заедно со свештеникот Георги Василев од Лерин, војводата Алеко Џорлев и Благој Симеонов од Демир Хисар.[1]

Во Балканските војни тој е доброволец во МОО во четата на Пандил Шишков.[2]

Во мај 1941 г. грчката администрација во Горно Врбени е заменета со општоселско собрание и е избран кмет Македонец. Во општинскиот совет влагаат Кирил Љапчев, Борис Попов, Симо Шишков, Павел Драгнев, Георги Рајков, Миро Гершанов, Михаил Хаџикиров, Благој Туранџов, Ташо Вељашков, Кирил Панчев.[3]

Наводи

уреди
  1. Шатев, Павел. В Македония под робство, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983, 164.
  2. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 805. ISBN 954-9800-52-0.
  3. Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 486.