Симона Јованоска (1985, Гостивар) — македонска писателка.

Животопис

уреди

Јованоска, со моминско презиме Богданоска, е родена во Гостивар, во 1985 година. Таа е мајка на две деца.[1]

Творештво

уреди

Во 2010 година, Јованоска го освоила третото место на конкурсот за краток расказ, објавен од интернет-порталот „Окно“ за расказот „Фотографија". Во 2015 година ја објавила првата своја книга, збирката раскази „Ги најдов во длабокото“ во издание на Или-Или. Некои од нејзините раскази се обработувани на ОКК, по наставниот предмет Метафикција. Во меѓувреме пишувала колумни за B2B списанието „InBar". Во 2019 година, со расказот „Последниот кат“ го освоила второто место на конкурсот објавен од весникот „Нова Македонија“. Во 2021 година го објавила романот „Денот на црвот“ кој ја добил наградата „Роман на годината“ за 2021 г. Романот, во 2024 година, доби превод на бугарски и на српски јазик. Во 2022 г. го освојува првото место на конкурсот објавен од весникот „Нова Македонија" со расказот „Кажи му на кучето". Истата година во декември ја промовира нејзината трета книга, а воедно прва книга за деца „Градот Вабу и потрагата на Нави" во издание на Чудна шума. [2] Три нејзини раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]

Наводи

уреди
  1. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 366.
  2. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 366.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 305-308.