Симеон Персиски е христијански светец од 4 век.

Симеон Персиски
Почитуван(а) во православие
Слава

Во времето на Шапур II Симеон според христијаните бил тормозен со двајца свои презвитери Авделај и Ананиј. Пред нив погинал и царевиот евнух Устазан, кој прво се одрекол од Исус, а после допрен со укорот на св. Симеон повторно ја исповедал пред царот вистинската вера. На губилиште со Симеон биле изведени уште 1 000 христијани. Симеон некако се истргнал за да биде последен исечен. Кога презвитерот Ананиј ја ставил главата на трупче, затреперил со целото тело. А царскиот прислужник Фусик, кој бил таен христијанин, почнал да го охрабрува Ананија говорејќи: “Не плаши се старче, затвори ги очите и биди мажествен да би ја согледал божествената светлина!” Штом го изрекол тоа, бил повикан како христијанин и кај царот тужен. Царот и него со големи маки го убил, а исто така и неговата ќерка Аскитреја. Најпосле и св. Симеон бил погубен[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 17 април.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 159