Силјустани (Sillustani) — археолошко наоѓалиште во Перу во регионот Пуно. Наоѓалиштето потекнува од периодот пред Инките и всушност е гробишта. Грбовите се изградени во вид на кули наречени чулпи. Гробиштата потекнуваат од Ајмарите и народот Кола. Во структурите се сместувале посмртните останки на цели семејства, иако се верува дека биле наменети само за богати лица. Голем дел од грбовите биле опустошени од крадци на гробови.[1]

Силјустани
Sillustani
ОбластПуно

Чулпи

уреди

Еден од главните елементи на ајмарската култура е давањето почит на предците и токму поради тоа, а и поради изразување на врската меѓу смртта и животот, чулпите биле градени.[2] Внатрешноста на грбовите биле обликувани како женска матка и во гробот се ставале мумифицираните тела. Единствениот отвор на чулпата е кон исток, за што се верувало дека од таа страна сонцето се препораѓа од Мајката Земја.[3]

Наводи

уреди
  1. Stanish, Charles. Ancient Titicaca. University of Columbia Press. ISBN 0-520-23245-3.
  2. „Chullpas“. Архивирано од изворникот на 2012-03-27. Посетено на 2006-03-19.
  3. „Sillustani“. Архивирано од изворникот на 2006-11-23. Посетено на 2006-03-18.

Поврзано

уреди