Силвана без пари (Silvana sin lana (или Silvana $in lana)) е американска теленовела напишана од Сандра Веласко за Телемундо. Таа е оригинална приказна од Родриго Бастидас и Елена Муњос, адаптирана од страна на Сандра Веласко, а како извршен продуцент е Кармен Сесилија Урбанеха. Премиерата ја имаше на 19 јули 2016.[1]

Силвана без пари
Жанртеленовела
Создадена одОригинална приказна и сценарио
Фиорела Уриосте
Адаптација за Телемундо
Сандра Веласко
УлогиМарица Родригес
Карлос Понсе
Адријана Бараца
Тали Гарсија
Маримар Вега
Земја на потеклоСАД
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди126
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелемундо
Првично прикажување19 јули 2016
Мрежна страницаtelemundo.com/novelas/silvana-sin-lana

Во серијата настапуваат Марица Родригес во улогата, Карлос Понсе како Мануел, на Силвана и Адријана Бараца како Тринидад.

Синопсис

уреди

Се опишува животот на Силвана ''Чивис'' (Марица Родригес), која откако ќе го изгуби сето свое богатство ќе мора да го замени својот луксузен живот со скромен живот во сиромашна населба. Таму го среќава Мануел (Карлос Понсе), дистрибутер на риби и морски плодови на локалниот пазар. Преку многуте случки испреплетени со комични елементи, нивните животи се менуваат и тие се вљубуваат, покрај сите предрасуди кои постојат во нив за луѓето од „високата“, односно оние од „ниската“ социјална класа.

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Марица Родригес Силвана „Чивис“ Ривапаласиос де Виласењор
Карлос Понсе Мануел Гајардо
Адријана Бараца Тринидад Алтамирано де Ривапаласиос
Маримар Вега Стела Перес Метичин
Рикардо Абарка Висенте Гајардо
Марсела Гирадо Марија Хосе Виласењор Ривапаласиос
Тали Гарсија Марија Енџи Виласењор Ривапаласиос
Патрисио Гајардо Хорхе Гајардо

Наводи

уреди
  1. „Llega #Martres el martes 19 de julio, la noche de triple estreno de Telemundo“. twitter.com (шпански). Посетено на 19 June 2016.