Сикарио (филм од 2015)
„Сикарио“ (Sicario) — филм на режисерот Дени Вилнев (Denis Villeneuve)од 2015 година. Автор на сценариото е Тејлор Шеридан (Taylor Sheridan), а главните улоги ги играат: Емили Блант (Emily Blunt), Бенисио дел Торо (Benicio del Toro), Џош Бролин (Josh Brolin), Џон Бернтал (Jon Bernthal) и Даниел Калуја (Daniel Kaluuya). Филмот бил номиниран за наградите „Оскар“ во три категории: камера, музика и монтажа на звукот. Инаку, зборот „сикарио“ означува платен убиец кој јужноамериканските злосторнички организации го користат за најважните убиства.[1]
Синопсис
уредиЕдна млада агентка на ФБИ станува дел од тајната операција на ЦИА со цел да се елиминира водачот на еден мексикански наркокартел. Тоа е задача која ќе ги доведе нејзините морални вредности до крајните граници, принудувајќи ја да ги преиспита своите дотогашни верувања.