Сив клукајдрвец
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Сив клукајдрвец | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Ред: | Клукајдрвни |
Семејство: | Клулајдрвци |
Род: | Клукајдрвец |
Вид: | Сив клукајдрвец |
Научен назив | |
Picus canus Gmelin, 1788 |
Сивиот клукајдрвец (Picus canus), исто така познат како сиволикиот клукајдрвец, е Евроазиски член на клукајдрвци на семејството Piciformes. Го има и во Македонија.
Опис
уредиНеговите перја наликуваат на неговиот роднина Европскиот зелен клукајдрвец. Горниот дел од неговото тело е зелен, а неговиот долен дел е бледо сив со жолта задница. Има сива глава со црни влакна над клунот. Мажјакот има црвено чело, пократок врат, потенок клун и малку позаоблена глава од зелениот клукајдрвец. Долг е 25–28 см и тежи 130-180 грама.
Живеалиште
уредиСивиот клукајдрвец живее во листопадните и мешаните шуми. Се пари во мај и може да снесе од 5 до 10 јајца кои се одгледувани од двата родители. Младите се изведуваат по 15-17 дена и учат како да летаат во нивната четврта недела.
За време на летниот период, сивиот клукајдрвец јаде црви, ларви од лебарки и други инсекти. Во зимскиот период се храни со семиња, и може да дојде дури во градини каде што може да се храни.
Систематизација
уредиИма два вида птици наречени сив клукајдрвец: Dendropicos spodocephalus и Picus canus.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Picus canus“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
- Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.
„Сив клукајдрвец“ на Ризницата ? |
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |