Сибирски самојед
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Самоједите се кучиња кои просечно живеат од 12 - 15 години. Тие се мирни кучиња кои се поврзани со целото семејство, односно со кругот на луѓе каде што живеат. Меѓутоа тие слушаат односно имаат само еден сопственик. Самоједите се кучиња кои сакаат да бидат во друштво на луѓе и кои сакаат да им се обрне поголемо внимание. Тие не се агресивни кучиња, меѓутоа знаат одлично да се бранат. За време на дресурата на овие кучиња секој човек ќе наиде на проблеми, бидејќи Самоједите не сакаат секогаш да го прават она што ќе им биде наредено, односно сакаат да водат инает. Сибирскиод самојед го добил своето име по племето кое се населило на територијата на денешен сибир (САМОЈЕД). Самоједите се вклучени во четиринаесетте најстари кучиња, заедно со хаските, маламутите, chow chow и уште 10 други раси од различно географско потекло.
Самоједите се најграциозните кучиња на свет, елегантни во своето држење, раскошни со своето крзно и карактеристичне грива, препознатливи по нивната насмевка (по која и ги добиле прекарот "the smiling dog"), и нивните весели очи.
Биографија за Самоједот
уредиОвие кучиња потекнуваат од древните номадски племиња од центаралниот дел на Сибир,наречени Самоједи.Кучињата никогаш не станале ловци,меѓутоа набрзо се прилагодиле на влечењето санки,станале чувари и верни сопатници.Самоједите не се вообичаени чувари,туку тие весело го најавуваат секој гостин.Самоједите биле многу блиски со членовите на племињата, кои честопати ги земале да спијат со нив во шаторите бидејќи додатно ги грееле.На децата им било дозволено да играат со кученцата,а доколку женките од некоја причина биле неспособни за доење,жените од племето ги одгледувале и подигале малите кученца.Тоа докажува колку ова племе ги ценело и социјализирало Самоједите.
Самојед е куче од волчји тип,силен,активен,грациозен со неверојатна издржливост.Има средна големина со богато крзно и карактеристчна грива.Прво што се забележува на самоједот се неговите темно-кафени весели очи,црниот нос и ушите кои се исправени,триаглести,заоблени на врвовите и покриени со крзно.Типичниот опаш е богато окрзнен,свиен преку грбот или колковите.Висината е 50-60 см.,а тежината 23-30 кг.
Црната боја со селекција е отстранета,а чистата бела боја денеска е скоро универзална.Дозволени се и бела со кремаста боја,која на изложбите и не се претпочита. Надворешното крзно е грубо и рамно,не смее да биде чупаво,свилено или брановито,и подолго е отколку кај другите арктички раси.Внатрешното крзно е густо и меко.Таквата структура на крзното му дава на кучето максимална заштита од надворешните влијанија,а бара минимална нега. Иако бело,неговото крзно секогаш изгледа чисто.Беспрекорното крзно има сребренест сјај.Густото крзно нормално бара редовно чешлање,посебно во пролет и лето.Мртвото крзно од внатрешниот слој,доколку не се отстранува може да предизвика проблеми со кожата.Исчешланото крзно може да се собира и да се испреде во волна.