Сетинска тврдина

тврдина кај Сетина, Леринско, Егејска Македонија

Сетинска тврдина или само Сетина (грчки: Κάστρο Σέτινας) — средновековна тврдина чии остатоци се наоѓаат кај селото Сетина во Леринско, Егејска Македонија.[1]

Сетинска тврдина
Κάστρο Σέτινας
Поглед на остатоците од тврдината
Карта
МестоСетина, Леринско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°52′18″N 21°40′09″E / 40.8717° СГШ; 21.6693° ИГД / 40.8717; 21.6693
Видтврдина
Историја
Раздобјесреден век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаурнатини

Местоположба

уреди

Тврдината е сместена крај патот, источно од селото.[1]

Историја

уреди

Сетина се споменува од византискиот летописец Георги Кедрин на крајот од XI век. Во X век Сетина бил еден од најважните градови на Самоиловото Царство, релативно блиску до Охрид, а Самуиловиот дворец на островот Свети Ахил исто така бил близу. Во 1017 г., охрабрен од големата победа во Беласичката битка (1014), византискиот цар Василиј II извршил опсада на Сетина и на крајот ја зазел и уништил. По ова настапила Битката кај Сетина во која тој повторно извојувал победа. Сепак изгледа дека градот постоел уште неколку децении пред конечно да се распадне, веројатно кон крајот на XII век.[1]

Наоди

уреди

Во делото „Непознати византиски тврдини во Македонија“ Николаос Муцопулос ја опишал Сетина како град со епископско седиште, гостилници, рудници и други згради. Според него, откриени се предмети од II до XII век. На подрачјето се утврдени необично голем број на подземни галерии, за кои се смета дека служеле за складирање на пченица од рамницата Пелагонија. Откриени се христијанска базилика и гробишта.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Κάστρο του Λογγά“. Ελληνικά Κάστρα. Посетено на 29 декември 2020.