Сетила и однесување на животните

Животните развиле такви сетила и начин на живот кој овозможува опстанок на видот. Многу видови животни имаат поразвиени сетила од луѓето.

Паун

Однесување при додворување

уреди

Женките ги бираат најдобрите мажјаци кои се на располагање за да си осигураат здраво и силно потомство. Мажјаците имаат развиено восхитувачки начини со кои ги привлекуваат женките, вклучувајќи прчење, пеење и носење подароци на женките.

Животински сетила

уреди

Многу видови животни имаат извонредно развиено сетило за вид и слух. Некои имаат и „шесто сетило“ со кое можат да откријат магнетизам, електрицитет, дури и инфрацрвено зрачење.

  • Орелот во центарот на видното поле гледа зголемена слика.
 
Орел
  • Многу видови животни, како на пример лисиците, можат да чујат повеќе честоти на звукот од човекот.
 
Лисица
  • Многу видови на животни како на пример кучињата имаат силно развиено сетило за мирис.
  • Сетилните влакна им помагаат на некои видови животни, како што се мачките, да си го најдат патот во темницата.
  • Безрбетниците со помош на пипалата (антените) чувствуваат, опипуваат и ја душкаат околината.
  • Пајаците и скорпиите имаат сетилни влакна со чија помош можат да почувствуваат и најмало движење.
  • Рибите во страничната пруга имаат низа сетилни глуждови во кои го чувствуваат движењето во водата.
  • Лилјаците го одредуваат правецот на летот со фаќање на звуците (ехолокација), а оддалеченоста според времето кое е потребно нивниот глас да се врати.
 
Лилјак
  • Морските кучиња (ајкулите) имаат околу главата сетила со кои го откриваат електричното поле кое го произведува пленот.
  • Некои видови животни преселници го одредуваат правецот на патувањето чувствувајќи го магнетнетното поле на Земјата.
  • Поскокот „гледа“ инфрацрвена слика на пленот, според топлотното зрачење на неговото тело.

Однесување при напад и одбрана

уреди

Животните се користат со различни тактики при напад и одбрана. Нападот вклучува душкање, поткрадување, како и залетување и скокање на пленот, а одбраната убоди, каснувања и испуштање отрови.

Занимливости

уреди
  • Еден вид пајак од родот динопис има очи со 99 пати почувствителни од очите на човекот.
  • Гласот на синиот кит (balaenoptera musculus) е најгласниот звук што може да го произведе животно. Може да се чуе на оддалеченост од 1600 километри.

Означување на територијата

уреди

Животните ја бранат својата територија со цел другите животни да не им ја одземаат храната или загрозат младенчињата. За да им стават на другите животни дознаење која територија е нивна, се користат со гласот, обележување на дрвјата со мирисот или со оставање на влакна.

  • Клунот на пегавата кокошка (Leipoa okellata) делува како топломер. Оваа птица ги положува своите јајца во купче скапани растенија чијашто температура постојано ја проверува со својот клун.
  • Телесната температура на цицачите кои спијаат со зимски сон може да биде и за 32℃ пониска од нормалната телесна температура.

Жештина и студ

уреди
  1. Зимски сон (Хибернација)

Многу видови животни во студените поднебја спијаат со зимски сон за да го преживеат периодот на најсилен студ и недостаток на храна. Телесната температура им се смалува, се успорува чукањето на срцето и паѓаат во драбок сон. За тоа време живеат од залихите на храна во својот организам.

  1. Летен сон (Естивација)

Некои видови животни спијаат со летен сон за да ги преживеат врелите и сушни периоди. Троми се или сонливи сè додека повторно не дојдат поволни услови. Социјално однесување Животните живеат во заедници. Некои видови, како шимпанзата (pantroglodutes) и лавовите (pantheraleo) имаат развиена социјална хиерархија која може да се јакне на различни начини.

 
Шимпанзо

Употреба на орудија

уреди

Некои видови животни користат орудија за да дојдат до храна. Така шимпанзите туркаат стапови во термитското гнездо, а белиот (neophron pterus) фрла камења на јајцата за да ги скрши.