Сем Бенели
Сем Бенели (10 август 1877 - 18 декември 1949) ― италијански драмски писател, есеист и либретист. Тој обезбедил текстови за неколку истакнати италијански опери, вклучувајќи „Љубовта на тројцата кралеви“ и „Магија“ на Итало Монтемеци, и „Вечерата на дворскиот шут“ на Умберто Џордано, врз основа на сопствената претстава на истиот наслов на Бенели. Тој е роден во Прато.
Претставата „Вечерата на дворскиот шут“ била голем њујоршки театарски успех во 1919 година под наслов „Шутот“, во која главните улоги ги толкувале Лајонел и Џон Баримор. Во Италија, Паола Пецаглија била сметана за најдобар машки протагонист на „Вечерата на дворскиот шут“, по инцидентот во 1913 година, кога главниот глумес се онесвестил пред да го изглуми ликот на Џането; таа го зазела неговото место постигнувајќи огромен успех. Оттогаш Пецаглија ја извршувала истата улога повторно и повторно.
Тој го напишал сценариото за филмот „Вечерата на дворскиот шут“ од 1942 година, врз основа на неговата позната драма.