Семантика и историјат на HTML
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Разбирањето и учењето на HTML може да трае само неколку дена, со читање на кодови коишто ќе ви бидат потребни во понатамошната работа. Кога еднаш ќе ги совладате таговите, вие ќе бидете способни и за создавање на мрежни места. Користењето на HTML и дизајнирањето на мрежни места е сосема различно. Добриот дизајн на мрежни места претставува половина вештина, половина талент. Учејќи ги техниките и правилната употреба на вашето ознака знаење, ќе се подобри вашата работа неминовно. Додека разбирањето на генералниот дизајн и разбирањето на публиката која што се обидувате да ја допрете преку мрежното место, ќе ви ги зголеми шансите за успех. За среќа овие работи можат да бидат истражени и разбрани сè додека постои волја кај вас за работа, сè со цел создавање на подобри мрежни места.
Што е HTML?
уредиHTML е програмски јазик создаден да овозможи создавање на мрежни места. Овие места можат да бидат пристапени од секој којшто е поврзан на Интернет мрежата. Јазикот е релативно лесен за учење, целокупните основи на јазикот можат да бидат совладани од повеќето луѓе, за релативно кратко време. Исто така е доста моќен во однос на она што ти го овозможува да го направиш. Постојано е подложен на одредени ревизии и еволуции, сè со цел за да одговори на барањата и потребите на сè поголемата Интернет публика, која пак е под водство на W3C, организација која што е задолжена за дизајнирање и одржување на јазикот.
Дефиницијата за HTML е HyperText Markup Language.
- HyperText е метод според кој можеш да се движиш наоколу по мрежата, со кликање на хиперврски коишто те носат веднаш на наредната страна. Самиот факт што е Hyper, означува дека не е линеарен, односно можеш да одиш на било кое место на Интернет, во било кое време, со кликање на линкови, и не постои посебна наредба како треба да се извршат нештата.
- Markup е она што HTML ознаките го прават на текстот, којшто е сместен внатре во нив. Го маркираат како определен вид на текст (итализиран текст на пример).
- HTML е Јазик, којшто во себе содржи кодовни зборови и синтакса, како и секој друг јазик.[1]
Како функционира?
уредиHTML се состои од серии на кратки кодови, напишани во текстуален директориум од самиот автор — ова се таканаречените тагови. Текстот потоа е снимен како html податотека, и е достапен преку прелистувач како што е Интернет Експлорер или Нетскејп. Овој пребарувач го чита податотекаот, и го преведува во видлива форма, со надеж дека страната ќе биде рендерирана како што намерил авторот. Пишување на сопствен HTML, вклучува правилно користење на ознаки за создавање на сопствена верзија. Може да се користи се, од обичен текстуален уредувач до моќен графички уредувач (англиски: editor) за создавање на HTML страници.[1]
Структура на HTML страна
уредиHTML страната претставува сет од инструкции, коишто му сугерираат на твојот Интернет пребарувач, како да ги прикаже вметнатите слики или текст помеѓу таговите. Пребарувачот знае за каков тип на страна се работи, врз осснова на отворачкиот таг на почетокот на страната <html>, и затворачкиот таг односно оној којшто ја затвора страната </html>. Поголемото мнозинство на HTML тагови, доаѓаат како парови, при што затворачкиот ознака секогаш има коса црта пред него. HTML страната е поделена на две примарни секции: <head> и <body>. Информацијата поврзана со целиот документ оди во head секцијата: насловот, описот, клучните зборови и други јазични елементи, коишто можат да бидат «повикани» од body. Содржината на мрежната страница е сместена во body секцијата. Целиот текст, графичките елементи, вметнати анимации, Java апликации и други елементи на страната се сместени помеѓу отворачките и затворачките body тагови. Еве и еден пример како од прилика би изгледала една HTML страна [2]:
<!DOCTYPE HTML PUBLIC “-//W3C//DTD HTML 4.01 Transitional//EN”>
<html>
<head>
<title>Документ</title>
<meta http-equiv=”Content-Type” content=”text/html; charset=iso-8859-1”>
</head>
<body>
</body>
</html>
Зошто служат таговите?
уредиТаговите се тие коишто го одвојуваат нормалниот текст од HTML кодот. Може да ни бидат познати како зборови, коишто се сместени помеѓу заградите од типот <>. Тие дозволуваат сите битни работи на една страна, како слики и табели да бидат прикажани, само со давање на наредби на вашиот пребарувач што да рендерира на страната. Различните ознаки извршуваат различни функции. Самите ознаки не се прикажуваат кога страницата ќе се отвори, но затоа нивните ефекти се прикажуваат. Најпростите ознаки не прават ништо друго, освен што вршат форматирање на текст.[1]
Список на HTML ознаки
уредиОсновна структура
уреди- !DOCTYPE - DTD (Dcument Type Declaration), ова му кажува на вашиот Интернет пребарувач, која верзија на HTML ја користите. Осигурајте се дека ја користите вистинската DTD, или страницата може да се прикаже со грешки.
- html…/html - Стандарден отворачки и затворачки ознака за било која HTML страница. Се останато е вклучено помеѓу овие два тага.
- !--…-- - Каков коментар и да оставите, тоа ќе биде прескокнато од страна на пребарувачот.
- head…/head - Ја стартува Header секцијата на вашиот документ. Се помеѓу овие два тага, му помага на вашиот пребарувач и на пребарувачите вметнати на мрежните места да ја класифицираат вашата страница. Користењето на овој ознака е опционално, но задолжително.
- title…/title - Што и да се наоѓа помеѓу овие два тага, ќе се појави на сината лента, на врвот од екранот.
- meta - Група на тагови, која што на пребарувачите (англиски: search engines) им дава специфични информации за творецот и за мрежната страница.
- base - Ја менува стандардната линк мета или релативниот URL линк, корисно доколку страницата е прочитана на друг опслужувач.
- link - Дозволува поврзување на stylesheets и favorites icon на твојата страница.
- body…/body -Се што е видливо на вашата страна се наоѓа помеѓу овие два тага.
Врски
уреди- a…/a - Го претвора внесениот текст или слика во хипервска до некој друг податотека.
Списоци
уреди- ol.../ol - Создава подредена листа, каде што секој поим е нумериран во одреден ред.
- ul.../ul - Создава неподредена листа, каде што пред секој поим стои bullet знак.
- li - Секој поим започнува со li, и сите се сместени во подредена или неподредена листа.
- dl - Создава дефинициона листа
- dt - Создава дефиниционен услов
- dd - Создава дефиниција, која што се појавува под нејзиниот родител и е идентификувана од лево.
Мултимедиjа
уреди- img - Овозможува вметнување на слика, на вашата страна.
- embed - Додава мултимедија елемент на вашата страна, дозволувајќи му на вашиот Интернет пребарувач да го пушти, со помош на plug in.
- script.../script - Овозможува додавање на код, обично JavaScript на вашата страна.
- noscript.../noscript - Затвора се коешто сакате да биде прикажно од вашиот пребарувач, а коешто не поддржува скрипти.
Табели
уреди- table.../table - Вметнува табела на вашата страница.
- caption.../caption - Содржи наслов на табела или наслови на различни типови. Ќе се појави на врвот, доколку не е определено поинаку. Овој таг не смее да биде содржан во tr или td.
- tr.../tr - Започнува нов ред во табела.
- td.../td - Затвора нов ред од табела.
- th.../th - Содржината внатре се појавува болддирана и поставена во центарот.
- thead.../thead - Го дефинира горниот главен дел, на некоја поголема табела.
- tbody.../tbody - Го дефинира главниот дел на телото на комплексна табела.
- tfoot.../tfoot - Поставете ги ознаките околу долниот дел на табелата.
- colgroup - Овозможува поставување на атрибути за цела една колона. Секоја колона мора да биде определена секвенционо.
Рамки
уреди- frameset... /frameset - Дава нова позадина на рамката. Кога се конструира врамена страна, body не се користи.
- frame - Дефинира една рамка од цел сет на рамки.
- noframes... /noframes - Ако посетителот поседува стар пребарувач којшто не поддржува рамки, можете да оставите порака или каков било коментар помеѓу овие тагови.
- iframe.../iframe - Внесува внатрешна рамка. Ова може да биде поставено било каде на една нормална страна и не мора да биде дел од сет на рамки.
Формулари
уреди- form.../form -Започнува формулар. Се додаваат било кои дефинирани елементи на еден формулар.
- input - Дозволува додавање на различни варијанти на кориснички инпут полиња, како што се text - boxes, checkboxes, radio buttons, submit и reset буттонс, зависно од тоа како сте ги определиле типовите на атрибути.
- textarea.../textarea - Додава повеќелинеарни делови наменети за текст и за пишување, погодни за внесување на голема количина на информации отколку во еднолинеарните делови за текст. Каков било текст додаден помеѓу ознаките се вметнува на определеното место, кога страната се полни.
- select.../select - Поставува празен drop down selection box. Може да се додадат опции за избор преку <option>...</option > тагот.
- fieldset.../fieldset - Ти овозможува да извршиш групирања на елементите од формуларот во логични целини.
- legend.../legend - Со овој ознака може да се постават наслови на fieldsets.
- label.../label - Може да го направите објаснувачкиот текст, којшто се наоѓа веднаш до формуларниот елелмент , во област која што може да биде кликната, што го прави селектирањето на елемнтите многу полесно.
Форматирање на текст
уреди- address.../address - Го затвора потписот и адресата на авторот, прикажана во италик.
- b.../b - Го претвора текстот во болдирана форма.
- big.../big - Го прави текстот за една гоемина поголем.
- blockquote.../blockquote - Го вовлекува текстот од двете страни.
- br - Ја прекинува сегашната линија, и започнува нов текст.
- center.../center - Ги поставува опфатените обијекти од ознаките во центарот.
- cite.../cite - Вклучува цитат и обично е прикажан во италик.
- code.../code - Ако сакате да вклучите HTML код во вашите документи, поставете ги овие ознаки околу текстот. Се прикажува како намален текст.
- dfn.../dfn - Дефиниција.
- div.../div - Вметнете различни делови од вашата страна помеѓу овие два тага, со коишто би се поделила страната на логични целини.
- em.../em - Го потенцира вметнатиот текст, притоа претворајќи го во италик.
- font.../font - Ги поставува опциите за фонтовите кај селектираниот текст.
- hx.../hx - Го поставува текстот како заглавје (наслов), со вредности од h1 до h6.
- hr - Вметнува сива хоризонтална линија, преку страната.
- i.../i - Стандарден ознака за италик.
- kbd.../kbd - Имплицира дека текст мора да биде внесен преку тастатура. Се прикажува како монопросторен и мал текст.
- nobr.../nobr - Му дава наредба на вметнатиот текст да не прекине на работ од мониторот, туку да продолжи за онолку колку што е потребно.
- wbr - Ако сакате да има прекин на линија во цел блок од текст, мора да го поставите во nobr, и да го додадете ова p.../p, го претвора селектираниот текст во параграф со прескокнати линии на дното и на врвот.
- pre.../pre - Го прикажува текстот со подесена ширина на фонтот и го задржува оригиналниот формат на оригиналниот текст.
- q.../q - Се користи за да се обележат кратки цитати, некои пребарувачи дури и ги означуваат цитатите.
- s.../s - Го прикажува текстот со strike - trough.
- samp.../samp - Индицира аутпут на примерок од формулар или од некоја програма. Текстот се појавува во намален фонт.
- small.../small - Го прави вметнатиот текст помал за една големина.
- strong.../strong - Го потенцира вметнатиот текст, којшто се прикажува како болдиран.
- sub.../sub - Текстот се појавува во subscript, што всушност означува прикажување на зборови под нормалниот текст.
- sup.../sup - Сестринскиот ознака на саб тагот, ова го прикажува текстот во superscript.
- tt.../tt - Го прикажува текстот со подесена ширина на фонтот, монопросторен фонт, како кај стара машина за пишување.
- u.../u - Го прикажува вметнатиот текст како подцртан.[3]
Историјат
уредиВо 1980 г., физичарот Тим Бернерс Ли, којшто бил вработен во CERN, предложил и го создал првиот прототип ENQUIRE, систем потребен за истражувачите на CERN да користат и да делат документи. Во 1989 г. Тим Бернерс Ли и системскиот инженер за податоци Роберт Кајли, одделно поднеле одделни предлози за Интернет заснован хипертекст, систем којшто овозможува слична функционалност. Наредната година тие соработувале на заедничкиот предлог, the WorldWideWeb (W3C) проектот, којшто беше прифатен од CERN.
Први спецификации
уредиПрвата јавно достапна публикација на HTML бил документ којшто бил наречен HTML Tags, првпат споменат на Интернет од страна на Бернерс Ли во 1991. Се состоел од 22 елементи коишто сочинувале првичен и релативно едноставен дизајн на HTML. Тринаесет од овие елементи сѐ уште постојат во HTML 4.0. HTML е текстуално и сликовно форматирачки јазик, којшто се користи од Интернет пребарувачите за динамично форматирање на мрежно место. Семантиката на многуте HTML ознаки е поврзана со раните текстуално форматирачки јазици како што е runoff. Runoff е создаден во раните 60 - ти години за CTSS (Compatible Time Sharing System) оперативниот систем, и неговите форматирачки команди за мануелно форматирање на документи. Runoff потоа беше инкорпориран во UNIX оперативниот систем, во понапредни форматирачки програми како roff, nroff и troff. Бернерс Ли сметал дека HTML треба да биде апликација на SGML (Standard Generalised Markup Languages), но како таков формално не бил дефиниран сè до средината на 1993 г., кога тоа било направено од страна на IETF (Internet Engineering Task Force), при предлог за HTML спецификација: “Hypertext Markup Language (HTML)” Internet draft на Бернерс Ли и Ден Коноли, со вклучен SGML документ за дефинирање на типови со цел дефинирање на граматиката. Откога HTML и HTML + драфтовите истекоа во раната 1994, IETF создаде работна група, која што во 1995 година го комплетираше “HTML 2.0”, првите HTML спецификации беа третирани како стандард врз кој идните имплементации би биле засновани. HTML 2.0 вклучуваше идеи од HTML и HTML + драфтовите. Вториот дел бил наменет за постигнување на нова едиција, различна од претходните два. Понатамошниот развиток на спецификациите се темелел на конкурентските интереси. Уште во 1996 година, HTML спецификациите биле постигнати, со инпут од комерцијалните продавници за софтвер, од страна на WorldWideWeb Consorium (W3C). Во 2000 година HTML спецификацијата стана меѓународен стандард (ISO/IEC 15445:2000). Последната HTML спецификација објавена од страна на W3C е HTML HTML 4.01 Recomendation, објавена во 1999 година.[4]
5.2 Верзии на HTML
уреди- HTML 1.0 - HTML 1.0 бил првиот производ којшто му бил понуден на светот. Не многу луѓе биле инволвирани во создавање на мрежни места на времето, и самиот јазик бил многу лимитирачки. Не можело многу да се направи, освен да се постави едноставен текст на страницата.
- HTML 2.0 - ги вклучуваше сите познати спецификации од оригиналот, но додаде и некои нови одлики во миксот. HTML 2.0 бил стандарден за вебдизајн сè до јануари 1997, и дефинирал многу клучни HTML одлики за првпат.
- HTML 3.0 - Сè повеќе и повеќе луѓе биле вовлечени во играта сега, и додека претходните стандарди понудија соодветни пристојни можности на луѓето коишто се занимаваа со создавање на мрежни места, тие беа жедни за повеќе и за повеќе можности и тагови. Тие сакаа да го унапредат изгледот на нивните мрежни места. Тука започна неволјата.
Netscape во тоа време беше водач на пазарот за пребарувачи. За да се зголемат проблемите на HTML авторите, Netscape воведоа свои сопствени ознаки и атрибути во нивниот Netscape Navigator пребарувач и тие беа нарекувани уште и Netscape extension tags. Ова предизвика многу проблеми, бидејќи другите пребарувачи се обидуваа да ги копираат напорите на Netscape, сè со цел да не бидат изоставени позади и да можат нивните пребарувачи да ги прикажуваат работите на истиот начин. При што ова значеше, доколку создаваш страна со Netscape extension tags, страната би изгледала прилично лошо во другите пребарувачи. Ова предизвика забуна и иритација кај пионирите на маркапот.
Во ова време, HTML работната група, предводена од Дејв Рагет создаде нов HTML драфт, HTML 3.0. Вклучуваше многу нови и подобрени можности за HTML, и ветуваше многу повеќе за вебдизајнерите при создавањето на нивните страници. Тажно, но пребарувачите беа ужасно бавни во имплементирањето на новите подобрувања, само додавајќи неколку елемента и изоставајќи ги останатите. Овој модел беше изоставен, но одговорните луѓе ги забележаа овие подобрувања, коишто понатаму беа дизајнирани модуларно. Тоа значеше тие да бидат додавани по секвенци, што многу им ја олеснуваше работата на пребарувачите. - HTML 3.2 (wilbur) - Бројот на специфичните ознаки за пребарувачите сè повеќе се зголемуваше, така што стана извесно дека потребно е соодветен стандард да биде воспоставен. Поради тоа W3C донесе одлука за стандардизирање на јазикот, сè со цел тој да се држи и да се развива во вистинската насока. Нивната прва работа беше наречена wilbur а подоцна стана позната како HTML 3.2. Ова беше значајна промена за постоечките стандарди, повеќето од ознаките коишто беа воведени од страна на Netscape, не влегоа во овие нови стандарди. Така што во јануари 1997 година HTML 3.2, стана официјален стандард, и денес сите пребарувачи го поддржуваат целосно.
- HTML (cougar) - Ова беше голема еволуција за стандардите на HTML. HTML 4.0 беше препорачан од страна на W3C во декември 1997, а официјален стандард стана во април 1998. Пребарувачката поддршка беше изненадувачки многу добро прифатена од Microsoft во нивниот Internet Explorer пребарувач. Водечкиот на пазарот IE5 имаше одлична поддршка за речиси сите нови атрибути и тагови. Како споредба Netscape Navigator беше ужасен во споредба со експлорерот кога станува збор за HTML 4.0 па дури и за основниот CSS. Navigator 6 пак доживеа големи подобрувања. Откога излезе HTML 4.0, документацијата беше малку ревизирана и поправена на неколку минорни начини, така што беше лансиран и нов HTML 4.1, финалната верзија на спецификацијата.
- XHTML - Близу, пред почетокот на 21 век, W3C започна да ги оспорува нивните спецификации од HTML 1.0 како препорака. Од 26 Јануари, 2000 стои како joint standard заедно со HTML 4.01. XHTML претставува комплетно нова гранка на HTML, која што започна да презема идеи од XML, којшто е доста покомплициран markup јазик отколку HTML. Промените не се состоеја во многуте нови или противречни тагови, но затоа постоеја работи, коишто се беа измениле во однос на акцесибилноста и функционалноста. Генерално, се работеше за нов сет на кодирачки правила.[5]
Зошто промената од HTML во XHTML =
уредиСо текот на времето, Интернетот се претвори во меинстрим место за забава, и нови типови на ознаки беа претставени од компаниите коишто ги поседуваа пребарувачите. Со тоа дојде до оддалечување од првичната цел, односно презентацијата стана премногу важна, додека компатибилноста и структурата беа потиснати. Ова значеше дека одредени мрежни места беа недостапни за луѓе со погрешен пребарувач или со погрешен компјутерски сетап. Употребата на овие презентациони ознаки започна да се повлекува, благодарејќи на иновацијата во CSS кодот. Идеалниот HTML ќе беше чисто стуктурален, а прикажувањето на страницата би било контролирано од stylesheet. W3C ја распространи оваа идеја за XHTML. Исто така, постои претпоставка дека мрежните места во иднина би биле пристапувани претежно од уреди коишто се разликуваат од класичниот компјутер и пребарувач, како што се: PDAs, телефони или друго. Направена е проценка дека 75 % од пристапот кон Интернет би бил исклучиво од вакви направи во блиска иднина. Кустомизираните пребарувачи коишто се користат во овие системи мораат да бидат мали, пред сè заради трошочната ефикасност. За секоја markup грешка која што би била детектирана, повеќе код би требало да биде додаван на програмата.
Што е XHTML?
уредиПред да започнеме со описот на XHTML, најдобро е да го претставиме првин неговото потекло. Сите веб markup јазици се засновани на SGML, ужасно комплициран јазик, којшто не е дизајниран воопшто за луѓе. SGML е метајазик, односно јазик којшто се користи во дефинирањето на други јазици. За да може да се искористи моќта на SGML во пракса, беше создаден XML, којшто претставува упростена верзија. XML е навистина моќен формат - си создаваш сопствени ознаки и атрибути, сè со цел да одговараат на типот на документ којшто го создаваш. Со следење на група ознаки и атрибути на XML, возможно е создавање на нов markup јазик. Токму тоа беше направено и со XHTML (eXtensible Markup Language), поради што овој јазик се нарекува и подгрупа или апликација на XML.[6]
Заклучок
уредиВо овој дел, пред сè вниманието е насочено кон придобивките, коишто корисниците ги имаат од користењето на HTML во нивната работа.
- Доследност и делотворност - Испораката на host сесиите со користење на HTML му овозможува на корисникот доследен интерфејс, додека кај творците се обезбедува високо делотворен медиум за презентирање на информации. Дека HTML функционира го демонстрираат милионите веб корисници.
- Идеално за проширување на инкриптираните сценарија - Еден од поголемите кориснички проблеми со фиксираното хостирачко сценарио, е дека со тек на времето многу апликации ја жртвуваат точноста и други текстуални кориснички примери на сметка на што поголемата количина на податоци.
- Слободата на текстуалната markup средина - Едно од првите нешта коишто авторот на мрежното место треба да ги научи е тоа дека, кога еднаш добра информациона шема е воспоставена, големината на страницата може да се прошири и покрај ограничувањата на корисничките пребарувачи.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Ross Shannon, What is HTML?, HTMLSource
- ↑ W. Lowery, Joseph, Dreamweaver® MX Bible, Wiley Publishing, Inc., Indianapolis, Indiana, 2002
- ↑ Ross Shannon,HTML tag references, HTMLSource
- ↑ HTML, Wikipedia
- ↑ Ross Shannon, The history of HTML, HTMLSource
- ↑ Ross Shannon, XHTML explained, HTMLSource