Сезона на бури (изворен наслов на полски: Sezon burz) е шести роман и осма целокупна книга во серијалот „Вештерот“, напишана од полскиот писател на фантастика, Анджеј Сапковски, за првпат објавена во Полска во 2013 година. Тоа не е продолжение на првичната сага Вештерот, туку е поставена помеѓу расказите во првата книга од серијалот, Последната желба.[1]

Сезона на бури
АвторАнджеј Сапковски
Изворен насловSezon burz
ЗемјаПолска
Јазикполски
СеријалВештерот
ЖанрФантастика
МедиумПечатено издание
Страници384

Деца лисици, второто дело од стриповниот серијал Вештерот, објавено од Dark Horse Comics, е засновано на едно од поглавјата од Сезона на бури . Книгата, со преводи на Дејвид Френч, била објавена во мај 2018 година во тврдо-коричен формат во САД и меко-коричен формат на хартија од британскиот Орбит (САД) и Голанц (Велика Британија).[2] Достапно е и на двете територии како и е-книга и аудио книга.[2][3]

Заплет

уреди

Гералт од Ривија, вештер - ловец на чудовишта, пристигнува во крајбрежното кралство Керек и се наоѓа во неволја, согласувајќи се на предлогот на корумпиран службеник за да ја подигне наградата за едно убиено чудовиште. Гералт е уапсен и суден, обвинет за присвојување средства од кралскиот трезор; ослободен од притвор, Гералт открива дека ги изагубил своите скапоцени мечеви - од челик и сребро. Гералт има стар пријател во Керак - поетот Јаскер, чиј братучед Феран ја извршува функција во кралската служба. Јаскер му кажува на Гералт дека вештерот ја должи својата слобода на дворската волшебничка Лита Нејд. Гералт ја посетува куќата на Лита и се среќава со волшебничката и нејзината ученичка Мозаик; при првата посета, Гералт ги отфрла обидите на Лита да го заведе, но подоцна се предава и станува нејзин љубовник. Лита му ветува на Гералт дека ќе му ги најде украдените мечеви со волшепство и му покажува разјаснувачки видениа - продажба на мечеви на аукција, карпа со невообичаена форма, како некој си игра со медалјон во облик на мачки, жена крај реката, поворка на мртви од некој бран голем како планина. Јаскер ја препознава карпата од описот на Гералт и се нуди да го одведе вештерот до неа.

Со населбата Равелин, каде доаѓаат Гералт и Јаскер, управува локалниот криминален шеф Пирал Прат. Прат му пренесува дека тој го пренасочил продавачот на украдените мечеви во аукциската куќа „Борсоди“ во Новиград. Во замена за овие информации, Прат го присилува Гералт да се бори во арената со чудовиштето од видот вагилосаурус. Гералт подоцна разговара со Егмунд, принцот од Керак; Егмунд најпрво се обидува да го ангажира вештерот за да го убие кралот, а потоа, кога Гералт одбива, ја свртува шегата и му нуди на вештерот да служи како телохранител на кралската свадба. Враќајќи се во Керак, Гералт дознава од Лита Нејд за барањето да тргне во замокот Рисберг.

Замокот Рисберг припаѓа на група учени волшебници; Гералт има пријатели тука - Пинети и Ѕара. Вештерот им претставува неколку знаци преземени од убиени чудовишта - докази дека чудовиштата биле создадени во Рисберг, но волшебниците ги отфрлаат неговите обвинувања. Тие веруваат дека во околината на замокот, демон убива луѓе како што дознале од еден од вработените во Рисберг. Истражувајќи ги убиствата, Гералт наидува на уште еден волшебник од Рисберг - Сорел Дегерлунд, кој вештерот го заробува и признава дека ги извршил убиствата, така што неговите колеги ќе го сметаат за помоќен отколку што е. На Дегерлунд, Гералт гледа златен медалјон со грбот на Керак.

Откако избегал од занданата на Дегерлунд, Гералт се наоѓа на спорната територија помеѓу кралствата на Реданија и Темерија и одлучува да замине во Новиград, каде неговите мечеви треба да бидат на аукција. На патот, тој се сретнува со еднo џуџе по име Адaрио Бах, а подоцна се качува на речниот брод „Пророкот Лебиода“. Како што се испоставува, екипажот на бродот бил испратен покрај реката со задача - да ја вратат девојката киднапирана од демонска лисица, „агуара“. Тие земаат уште една агуара девојка во замена, но еден од членовите на тимот ја убива заложничката. Ова предизвикува бес на агуарата која се впушта на бродот и со сите илузии и грабливци напаѓа на „Пророкот Лебиода“. На крајот, Гералт, Адарио и сопственикот на бродот, Ван Влиет, успеваат да го напуштат бродот, но не успеваат да стигнат на аукцијата навреме. Гералт не знае дека неговата поранешна девојка Јенефер ги купила мечевите.

Останувајќи без ништо, Гералт се враќа во Керак; тој повторно се среќава со волшебникот Пинети, кој, како компензација, му го дава на вештерот својот стар меч - скап виролиден нож. Гералт користи помош од врколакот Дусарт за да ја пронајде занданата на Дегерлунд, каде што вештерот некогаш бил затвореник; Гералт се бори со слугите на волшебникот, а потоа го убива неговиот непријател. Тој повторно пристигнува во Керак за кралската свадба - тука се одвива игра поради соперништвото на кралот Белогун и неговите синови. Како што се сомнева Гералт, кралот е убиен - тој е задушен од маѓепсано синџирче што го видел на распродажба кај Дегерлунд. Убиството го нареди синот на кралот, принцот Вираксас, кој веднаш го преземал престолот. Во овој момент, цунами паѓа врз Керак, кој го погребува градот под него. Подоцна, Лита и Јенефер дознаваат дека Гералт побегнал со Мозаик, студентката на Лита, но подоцна ја напуштил. Гералт наидува на друг вештер, Бреген од Школата на мачката и ги враќа мечевите. Тој повторно се среќава со демонската лисица, која му покажува дека девојчето од бродот преживеало, и за момент се престорува во Јенефер.

Во епилогот Нимуе - лик кој живее еден век по смртта на Гералт во крајот на „Дамата од езерото“ - наидува на вештер во шумата, изненадувачки сличен на Гералт. Вештерот изговорува „Легендата продолжува, историјата никогаш не завршува“ и исчезнува.

Главни ликови

уреди

Заднина

уреди

За првпат, информацијата за појавата на нов роман од серијалот „Вештерот“ била слушната на семинар за писатели со Анджеј Сапковски, одржан во Израел во 2010 година.[4]

Аудио верзии

уреди

Во 2014 година, Последната желба и Меч на судбината, Фонополис и audioteka.pl издале полски аудио претстави врз основа на Сезона на бури. Ова било синхронизирано од 84 глумци, меѓу кои и Кшиштоф Банашик како Гералт, Каролина Горчица како Корал, Ана Дерешовска како Јенефер, Славомир Пацек како Јаскер, Адам Ференци како Пинети, Пјотр Бајор како Ксандер и Кшиштоф Гоштила како раскажувач.[5]

Наводи

уреди
  1. „Andrzej Sapkowski“. Посетено на 18 мај 2020.
  2. 2,0 2,1 Ellen Wright (19 мај 2017). „Orbit and Gollancz to Publish Season of Storms by Award-Winning Polish Author Andrzej Sapkowski“. Orbit Books. Посетено на 18 мај 2020.
  3. Andrzej Sapkowski - Season of Storms. The Orion Publishing Group. 13 јули 2018. Посетено на 18 мај 2020.
  4. Встреча с Анджеем Сапковским, 30 септември 2010 година
  5. „Wiedźmin Sezon burz (Audiobook w pliku mp3)“ [The Witcher: Season of Storms (mp3-format audiobook)]. Fonopolis (полски). Архивирано од изворникот на 2019-01-04.