Сеедно ми е дали во историјата ќе влеземе како варвари

„Сеедно ми е дали во историјата ќе влеземе како варвари“ (романски: Îmi este indiferent dacă în istorie vom intra ca barbari) — романско-германско-бугарско-француско-чешки филм од 2018 година, во режија на Раду Јуде (Radu Jude), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Јоана Јакоб (Ioana Iacob), Алекс Богдан (Alex Bogdan) и Александру Дабија (Alexandru Dabija). На Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари филмот ја освоил наградата „Кристален глобус“ за најдобар игран филм.[1]

Синопсис

уреди

Филмот претставува еден вид коментар на познатата изрека искажана на состанокот на Советот на министрите во летото 1941 година: „Не ме интересира ако во историјата останеме запишани како варавари...“ со која започнало етничкото чистење во Одеса.

Наводи

уреди