Седум дена во јануари
„Седум дена во јануари“ (шпански: Siete días de enero) — филм од 1979 година на режисерот Хуан Антонио Бардем (Juan Antonio Bardem), кој е автор и на сценариото, заедно со Грегорио Моран (Gregorio Morán). Главните улоги ги играат: Мануел Анхел Ехеа (Manuel Ángel Egea), Фернандо Санчес Полак (Fernando Sánchez Polack) и Мадлен Робинсон (Madeleine Robinson). Филмот ја освоил златната награда на 11. Московски меѓународен филмски фестивал.[1]
Синопсис
уредиВо филмот се опишува масакрот од 1977 година, кога десничарските екстремисти во Мадрид ги нападнале работничките активисти. Притоа, режисерот дава и поширока слика на реакцијата на крајната десница во периодот на преминот на Шпанија во уставна демократија по смртта на диктаторот Франсиско Франко.