Севан

езеро во Ерменија
(Пренасочено од Севанско Езеро)

Севан (ерменски: Սևանա լիճ) е најголемото езеро во Ерменија и едно од најголемите езера на големи надмосрски височини во светот.

Севан
Սևանա լիճ
Координати40°19′N 45°21′E
Главни приливи28 реки и потоци
Главни истецииспарување (90%), Храздан
Сливни земји Ерменија
Најг. должина78 км (2005) км
Најг. ширина56 км (2005) км
Површина{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „к“
}}
940 км2 (2.005), 1.360 км2 (1.949) км2
Зафатнина58 км3 (1949) км3

Поранешните имиња на езерото биле Гегаркуник (ерменски: Գեղարքունիք), Гегамско Море (ерменски: Գեղամա ծով), и Ѓукче (турски назив за Сино Езеро).[1][2]

Целото езеро е сместено во покраината Гехаркуник. Се храни од 28 реки и потоци. Само 10% од влиената вода истекува во реката Храздан (Раздан), бидејќи 90% испарува.

Пред човечкото влијание да го уништи езерото, тоа било длабоко 95 м, имало површина од 1.360 км2 (5% од целокупната ерменска површина), волуменот му бил 58 км3 и имало перијаметар од 260 км. Езерската површна била на надморска висина од 1.950 м.

Национален парк

уреди
 
Ерменски галеб

Националниот парк Севан го опфаќа езерото и неговата околина и постои од 1978 година. Цел на паркот е зачувување на екосистемот на високопланинското езеро. Овде живеат ендемски видови на риби, разновиден растителрн и животински свет. Три ендемски видови на риби на кои оваа езеро им е живеалиште се севанска пастрмка( salmo ischchan) и два вида на крап( capoeta capoeta sevangi, barbus goktschaicus).

Што се однесува на птици овде престојуваат ерменски галеби кои претставуваат ендемски вид и водените птици преселници.Овде живеат и 336 вида на рбетници. Во овој национален парк постојат 1145 вида на васкуларни растенија[3] од кои 3 ендемски вида на Ерменија и 5 на Севан. Дури 267 вида на печурки раснат во басенот на езерото Севан, а од нив 100 се јадат. Просторот кој го зазема паркот е 147.300 хектари, од кои 22.600 се копнена територија.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. René Grousset. The Empire of the Steppes: A History of Central Asia, Rutgers University Press, 1970, p. 348, ISBN 0-8135-1304-9
  2. Jacques Kayaloff. The Battle of Sardarabad, Mouton, 1973, p. 211
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2020-02-16. Посетено на 2020-07-11.

Надворешни врски

уреди