Света Нина

(Пренасочено од Св. Кристијана)

Света Нина (грузиски: წმინდა ნინო, грчки: Άγιη Νίνω; (296-335) е христијански светец. Света Нина е роднина на Ѓорѓи и на Јувенал, патријарх на Ерусалим. Откако се замонашиле нејзините родители, истото го сторила и таа која била воспитувана под раководство на патријархот Јувенал. Кога слушнала за грузискиот народ, девицата Нина уште од мала сакала да појде во Грузија и да ги покрсти Грузијците. На сон и се јавила Пресвета Богородица и ветила дека ќе ја одведе во таа земја. Според историчарот Руфин, кралот паганин, довел многу христијански робови во Грузија. Меѓу нив била и една девојка која се викала Нина. Кога ја прашале како се вика, таа одговорила: "Кристијана", а тоа значи "христијанка", и така го добила своето име. Света Нина по пристигнувањето во Грузија спеала да го покрсти грузискиот цар Миријан, неговата сопруга Нана и нивниот син Бекар кои, со ревност ја помагале мисионерската работа на Нина. Нина успеала за време на својот живот да ја помине цела Грузија и главно да го преведе целиот народ во Христовата вера и тоа токму во времето на страшните гонења на христијаните од страна на царот Диоклецијан. Починала во 335 година[1].

Света Нина
Икона на Света Нина
Роден(а) 300,
Починал(а) 332-335
Почитуван(а) во православие,
Древноисточни цркви,
Римокатоличка црква,
Источни католички цркви
Главно светилиште Bodbe Monastery
Слава 15 јануари (Римокатоличка црква)

14 јануари (27) (Православие)

Заштитништво Georgia

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 14 јануари.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 18