Јован од Патмос

(Пренасочено од Св. Јован Теолог)

Свети Јован од Патмос (наречен и Јован Откровител, Јован Божествениот) — име дадено на авторот на Книгата на Откровението во Новиот завет. Според текстот на откровението, авторот на книгата е личност по име Јован кој живеел на островот Патмос. Голем број на христијански истражувачи веруваат дека тој таму бил во егзил, односно побегнал најверојатно од Римјаните[2][3].

Јован од Патмос
Јован од Патмос, од Алонсо Кано (1640)
теологист, Орел на Патмос[1]
Починал(а) , Патмос (?)
Почитуван(а) во христијанство
Слава 27 декември (католицизам) како Јован Богослов
26 септември (православие) како Јован Богослов

Во Откровение, Јован пишувал за Седум цркви на Азија. Честопати, Јован од Патмос се поистоветува со Јован Богослов[4] Меѓутоа, многу библисти сега тврдат дека се работи за одделни личности.[5][6], а пораката што ја добил се однесува на божественото откровение или крајот на светот. Дел од денешните христијански деноминации Јован го сметаат за светец.

Наводи

уреди
  1. „?“. Архивирано од изворникот 2007-05-05. Посетено на 15 September 2007.
  2. Souvay, Charles. "Patmos." The Catholic Encyclopedia. Vol. 11. New York: Robert Appleton Company, 1911. 12 Jan. 2009
  3. Phillips, J. B. „Book 27 - Book of Revelation“. 12 January 1962. People, Places, Customs, Concepts, Journeys - the New Testament with integrated notes and maps 1962.
  4. Justin Martyr, Dialogue with Trypho, 81.4
  5. Harris, Stephen L., Understanding the Bible. Palo Alto: Mayfield. 1985. p. 355
  6. Ehrman, Bart D. (2004). The New Testament: A Historical Introduction to the Early Christian Writings. New York: Oxford. стр. 468. ISBN 0-19-515462-2.