Свирипиле (познато и како: царопиле) — вид на макало или прелив, односно сос кое се прави од толчен црвен буковски пипер, масло и вода. Најчесто се сервира со домашен потпечен леб, посебно во есенските и зимските месеци[1]. Некои го јадат како макало, а некои како прелив[1]. Познато е за регионот на Битола и Прилеп.

Потекло на името

уреди

Се смета дека македонското и единствено „свирипиле“ името го добило многу одамна кога на некое детенце му се пријало, а бабата направила „нешто“ со пиперки и го олутела[1]. За да не плаче внучето, почнала да му вика „Свири пиле, свири пиле!“[1]. Оттогаш, така останало меѓу народот.

Во селото Буково свирипилето е познато и како „солило“, а во Битолско, со додаток на маслинки, го викаат „макарина“[1].

Начин на приготвување

уреди

Свирипиле се подготвува од буковски пипер, масло и вода.[1]. Во загреан сад се става масло. Се додаваат малку буковски пипер и вода. Смесата се промешува додека не зоврие, а потоа се ставаат и сушено нане и лук[1]. Некои семејства, пак, свирипилето го прават од брашно, сол, пипер и домашен сос од домати. Се ова се става во загреано масло, а откако ќе зоврие, му се додава нане[1]. Подготвеното свирипиле најчесто се сервира со домашен потпечен леб, но може да се сервира и во комбинација со домашни печени колбаси. Според други извори, „свирипиле“ се прави од суви пиперки, лук, масло, киселина, малку вода, сол и нане[1]. Можно е да има и други модификации или додавки.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 „„СВИРИПИЛЕ" – УШТЕ ЕДЕН МАКЕДОНСКИ ТРАДИЦИОНАЛЕН РЕЦЕПТ ШТО ГО ОСВОЈУВА СВЕТОТ“. МК Newa. 23 октомври 2016. Посетено на 28 јули 2018.