Свинбернов Леден Гребен

Свинбернов Леден Гребен (77°10′S 153°55′W / 77.167° ЈГШ; 153.917° ЗГД / -77.167; -153.917 ) — леден гребен северно од полуостровот Едвард VII и Александрините Планини во јужниот дел на Салцбергеровиот Залив, Антарктик. Ледениот гребен е долг 32 км и широк 8 км и се протега од Фишеровиот Остров до Белите Острови. Фотографиран е од авион и мапиран од Бердовата антарктичка експедиција, 1928–30. Наречен е по капетанот Х.В. Свинберн Помладиот, заменик командант и началник на Генералштабот на Американските поморски сили за поддршка, за време на операцијата „Дип фриз“ во 1970 и 1971 година.[1]

Свинебернов Леден Гребен во рамките на Антарктик
Свинебернов Леден Гребен
Местоположба на гребенот
Карта на подрачјето на Свинберновиот Леден Гребен.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Swinburne Ice Shelf“. Geographic Names Information System. United States Geological Survey. Посетено на 2009-11-13.

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Свинбернов Леден Гребен“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)