Свети Певсип, Елевсип, Малевсип и Леонила

Светите Певсип, Елевсип, Малевсип и Леонила - христијански маченици и светци.

Saint Певсип, Елевсип, Малевсип и Леонила
маченици
Роден(а) Франција
Починал(а) ~175
Почитуван(а) во православие
Канонизација Pre-congregation
Главно светилиште Лангарска катедрала, Франција
Слава 16 јануари Православие

Овие маченици пострадале во времето на царот Марко Аурелиј (161−180г) во денешна Франција. Тројцата биле браќа близнаци. Најнапред само Леонила била христијанка, додека нејзините внуци биле незнабожци. По долгите совети од страна на благочестивата Леонила и месниот свештеник овие тројца браќа го примиле христијанството. Откако се крстиле, почнале со сиот свој младешки жар да ја ревнуваат својата вера и во таа ревност ги разурнале сите идоли во околината. Биле тужени и изведени пред суд, каде што го признале своето дело и јавно ја исповедале својата христијанска вера.

Тие биле осудени и затворени а на нивната баба Леонила и било нареденои да појде во затворот и да ги посоветува внуците да се одречат од верата и да им се поклонат на идолите. Леонила, молчејќи, отишла во затворот, но наместо да ги советува внуците да се одречат, таа почнала да ги охрабрува да не се поколебаат и да истраат до крајот во сите маки. Кога судијата повторно ги испрашал и кога ја видел нивната уште посилна непоколебливост во верата, ги осудил на смрт. Сите тројца ги обесиле на едно дрво да висат како “жици на гусла”, потоа биле камшикувани и најпосле со оган биле горени. Некоја жена, Јовила, воодушевена од храброста на овие маченици, повикала: “И ја сум христијанка!” По ова и таа била убиена.

[1].

Православната црква нејзиниот ден го чествува на 16 јануари.

Наводи

уреди
  1. „Охридски пролог“ стр. 18