Свети Никола Чудотворец (кована пара од 2017 година)


Свети Никола Чудотворецкована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2017 година како дел од збирката „Триптих“.

Свети Никола Чудотворец
Лице
Опачина
Поединости
Номин. вредност 10 денари
Метал сребро 925
Тежина 7,0 г
Димензии 30 x 15 мм
Облик правоаголен
Издадена 2017

Опис уреди

Лице уреди

На лицето, во средишниот дел од монетата е прикажан Грбот на Република Македонија и натписите: „10 денари“ и „Република Македонија“ (на македонски јазик), како и годината на издавање „2017 година“. Околу грбот е прикажан украс по должината на периметарот.[1]

Опачина уреди

На опачината, во средишниот дел од монетата е прикажан портретот на Свети Никола Чудотворец. Средишната слика е претставена врз основа со украс. Над портретот е прикажано името на Свети Никола Чудотворец како што традиционално се користи во иконописот.[1]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 „Комплет ковани пари за колекционерски цели: „ТРИПТИХ". Посетено на 8 јануари 2018.