Света Фелицита Римска
Фелицита Римска (101-165) е христијански светец и маченик.
Фелицита Римска | |
---|---|
Martyr | |
Роден(а) | 101, Рим, Римско Царство |
Починал(а) | 165, Рим, Римско Царство |
Почитуван(а) во | православие Римокатоличка црква |
Главно светилиште | Црква Санта Сузана, Рим |
Слава | 23 ноември |
Обележја | = |
Заштитништво | родители кои ги изгубиле своите деца, мртви деца, маченик, прозорец |
Како христијанка, од царот Антонин Пиј, во 164 година, заедно со нејзините седум синови, била осудена на смрт. се молела на Бога само да не ја погубат неа пред синовите за да можe да ги охрабрува при мачењето и убивањето. Според христијанските верувања, оваа ненадмината мајка со радост ги испраќала еден по еден синовите додека не ги испратила сите седум и не ги видела погубени. Тогаш и таа со благодарност кон Бога ја примила маченичката смрт. Сите пострадалe во Рим кадe што им се наоѓаат и моштите[1].
Освен нејзиното име, единственото нешто познато е тоа што била погребана на гробиштата на Максим на 23 ноември[2]. Легендата за Фелицита Римска многу потсеќа на онаа на Света Симфороза, а според некои станува збор за иста личност.
Православната црква неговиот ден го чествува на 25 јануари.