Света Матрона Московска (кована пара)
Света Матрона Московска — кована пара за колекционерски цели издадена од страна на Народната банка на Република Македонија во 2016 година.
Света Матрона Московска | |
---|---|
Лице | |
Опачина | |
Поединости | |
Серија | Икони на светци |
Номин. вредност | 100 денари |
Метал | сребро 925 |
Тежина | 31,1 г |
Димензии | 30 х 45 мм |
Облик | правоаголен |
Издадена | 2017 |
Цена | 3.800 ден. |
Опис
уредиЛице
уредиНа лицето, во горниот дел од монетата се прикажани Грбот на Република Македонија, натписот „100 денари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2017“, ознаката „Ag 925“ и масата на монетата „31.1 g“. Во средишниот дел од лицето е прикажан дел од Покровскиот манастир во Москва, каде што се наоѓаат моштите на Света Матрона Московска. Во заднината е прикажана контура на Манастирот. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.[1]
Опачина
уредиНа опачината, во средишниот дел од монетата е прикажана слика на Света Матрона Московска, врз основа на делото од Покровскиот манастир во Москва. Околу средишната слика се прикажани златни украси. На долниот дел од монетата е испишано: „света блажена Матрона Московска“ на руски јазик.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Кована пара за колекционерски цели: „СВЕТА МАТРОНА МОСКОВСКА"“. Посетено на 8 јануари 2018.