Сатир (митологија)

Сатир (грчки: σάτυρος) — машки суштества во старогрчката митологија. Се верувало дека живееле во Аркадија, како и божеството Пан. Најчесто биле претставени како мажи со коњски уши, коњска опашка и со нагласена ерекција, но се среќаваат и поинакви претстави, како: брадати старци (Силени) или како момчиња. Нивниот пандан во римската митологија биле фауните. Тие се чест мотив во уметноста. Еден од најпознатите примери е Праксителовиот Сатир чија копија се наоѓа во музејот на Капитол, во Рим.[1]

Сатир свирејќи на кавал.

Наводи

уреди
  1. A. V., „Objašnjenja“, во: Apulej, Zlatni magarac, Dereta, Beograd, 2011, стр. 225.

Наводи

уреди