Сан Мигел (вулкан)
Сан Мигел (познат и како Чапарастике) — стратовулкан во средишно-источниот Ел Салвадор, приближно 15 километри југозападно од градот Сан Мигел. На 16 јануари 2002 година, мала ерупција на пареа, гас и пепел настанала од кратерот,[2] траело 3 часа, но не предизвикало вистинска штета на животот или на имотот. Емисиите на јаглерод диоксид биле следени од ноември 2001 година, а нивниот постојан пораст продолжил да се зголемува сè до избувнувањето.
Сан Мигел | |
---|---|
Чапарастике | |
Вулканот во 2013 година | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 2,130 м |
Координати | 13°25′54″N 88°16′17″W / 13.43167° СГШ; 88.27139° ЗГД |
Друго име | Чапарастике |
Географија | |
Геологија | |
Вид | Стратовулкан |
Последен избув | мај 2018[1] |
Единаесет години подоцна,[3] на 29 декември 2013 година, Сан Мигел избувнал во 10:30 часот по месно време исфрлајќи пепел и чад на небото и предизвикал евакуација на илјадници луѓе кои живееле во полупречник од 3 км околу вулканот.[4] Тоа било претходено и предизвикано од зголемена сеизмичка активност со почеток во 06:30 часот по месно време.
Поврзано
уредиГалерија
уреди-
Вулканите Усулутан, Ел Тигре, Чинамека и Сан Мигел сликани од вселената.
-
Избувниот облак на 29 декември 2013 година
Наводи
уреди- ↑ http://volcano.si.edu/volcano.cfm?vn=343100
- ↑ Perez, Nemesio (април 2006). „Anomalous Diffuse CO2 Emission Prior to the January 2002 Short-Term Unrest at San Miguel Volcano“. Pure and Applied Geophysics. doi:10.1007/s00024-006-0050-1.
- ↑ Tadeo, Maria (30 декември 2013). „El Salvador begins evacuation after Chaparrastique volcano erupts for the first time in 37 years“. The Independent. Посетено на 17 јуни 2020.
- ↑ San Miguel volcano (El Salvador): new eruption. Volcano Discovery. Посетено на 17 јуни 2020.
Надворешни врски
уреди- Сан Мигел (вулкан) на Ризницата ?
- Програма за глобален вулканизам Архивирано на 14 ноември 2020 г.