Сам (филм)
„Сам“ — филм на режисерот Владимир Погачиќ од 1959 година. ПОгачиќ е автор и на сценариото, а музиката е дело на Бојан Адамич. лавните улоги ги играат: Никола Симиќ, Милан Пузиќ, Павле Вуисиќ и Северин Бијелиќ. Филмската критика го истакнува овој филм како пример во еволуцијата на жанрот кој е познат како партизански филм. Притоа, критиката го истакнува сценариото во кое нагласокот е ставен врз психолошкото профилириање на ликовите, наместо дотогашната сурова идеолошка пропаганда.[1]
Синопсис
уредиДејствието на филмот се одвива за време на Битката на Сутјеска и прикажува еден партизански одред кој е отсечен од главниот дел од партизанската војска. Гонет од бројниот непријател, одредот се обидува да го пробие германскиот обрач.