Само вистината победува

Само вистината победува (санскрит: सत्यमेव जयते; сатјам ева џајате) е национално мото на Индија[1]. Напишано е на писмото деванагари и се наоѓа на основата на националниот симбол (на сликата). Потеклото на мотото е од познатата мантра 3.1.6 на Мундака Упанишадата [1]. Следи целата мантра.

Индискиот национален амблем

сатјамева џајате нанритам
сатјена панта витато девајана
јена крамантјаришајо хијаптакама
јатра тат сатјасја парамам ниданам

Што значи:

Само вистината победува, не лагата.
Низ вистината во Божествениот пат да се распространи
по кој победата, чии желби се во потполност исполнети,
допира до местото, каде е врховното богатство на вистината.[2]

M. A. Мехендале во неговата "Satyam Eva Jayate Nānṛtam"[3] го оспорува ова толкување и дава други толкувања засновани на други анализи на упанишадата и користењето на санскрит.

Мотото на Чешката Република како наследник на Чехословачка, „Pravda vítězí“ („вистината преовладува“) има слично значење.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Department related parliamentary standing committee on home affairs (2005-08-25), One hundred and sixteenth report on the state emblem of India (Prohibition of improper use) Bill, 2004, New Delhi: Rajya Sabha Secretariat, New Delhi, стр. 6.11.1, Архивирано од изворникот на 2008-10-02, Посетено на 2008-09-26
  2. Swami Krishnananda. „The Mundaka Upanishad:Third Mundaka, First Khanda“.
  3. Mehendale, M. A. (1961). „Satyam Eva Jayate Nanrtam“. Journal of the American Oriental Society. 81 (4): 405--408.