Самовилски Водопади
Самовилски Водопади — водопади кои се наоѓаат по текот на реката Студенчица, на северозапад од напуштеното село Фрлогоец. Оддалечени се околу 15 километри од Кичево на надморска височина од 1250 метри.
Се напојуваат со вода од изворите кои доаѓаат од Женска Планина и Пашиница (делови на Бистра). Двата Самовилски водопади се постојани во текот на целата година, со пад на водата од 15 метри (малиот), односно 25 метри (големиот).
До нив се стигнува по маркирана патека во должина од 3,5 километри која почнува од каптажата за вода на река Студенчица, до којашто пак води земјен пат од село Горно Добреноец.