Саладиновиот замок (арапски: قلعة صلاح الدين) е замок кој се наоѓа во Сирија. Се наоѓа на околу 30 километри источно од Латакија. Замокот бил изграден уште од античко време, веројатно од феникискиот приод. Познато е дека замокот бил заземан од страна на Александар Македонски. Но периодот од тогаш па сè до негово зазимање од Византија многу малку е познат на денешната историографија. Подоцна, тврдината била преземена од крстоносците, односно се споменува дека во 1119 година бил резиденција на Роберт Саонски. Поголемиот дел од тоа кое останало до денес, е изградено во тој период. Во текот на крстоносните војни, замокот бил заземан од страна на Саладин во 1188 година. Според него, овој замок го добил и денешното име.

Саладинов замок
светско наследство на УНЕСКО
Salah Ed Din Castle
Критериумii, iv
Навод1229
Запис2006 (30th заседание)

Едно од најзначајните одлики на замокот е неговиот 28 метри длабок ров, кој бил изграден од страна на византијците и крстоносците. Во тврдината се влегува од јужната страна, а на десно од влезот се наоѓа кулата. Во внатрешноста се наоѓа цистерна преку која се обезбедувало вода.